Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  ноември 2014

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Дали Исус навистина воскреснувал луѓе?

Исус го воскреснал Лазар, кој бил мртов четири дена

Библијата јасно кажува дека Исус им го вратил животот на некои луѓе што умреле. Тие библиски извештаи не се приказни затоа што се случиле на познати локации и во конкретно наведено време. На пример, летото 31 год. од н.е., голем број луѓе тргнале со Исус од Капернаум кон Наин. Пред да влезат во градот, сретнале друга голема група. Можеме да веруваме во извештајот за воскресението што се случило во тоа место затоа што тој извештај е запишан во Божјата Реч, Библијата, и затоа што настанот се случил пред голем број очевидци. (Прочитај Лука 7:11-15.)

Исус го воскреснал и својот пријател Лазар, кој бил мртов четири дена. Можеме да бидеме сигурни дека и овој настан бил вистинит затоа што се случил пред очите на голем број луѓе. (Прочитај Јован 11:39-45.)

Зошто Исус ги воскреснувал луѓето?

Исус ги воскреснувал луѓето затоа што сочувствувал со нив. Освен тоа, така покажал дека неговиот Татко, оној што ни го подарил животот, му дал власт над смртта. (Прочитај Јован 5:21, 28, 29.)

Тоа што Исус воскреснал некои луѓе ни дава гаранција дека во иднина ќе исполни сѐ што ни ветил. Тој ќе воскресне многу луѓе, меѓу кои ќе бидат и неправедните, односно оние што немале прилика да научат нешто за вистинскиот Бог. Ним ќе им биде дадена можност да го запознаат и да го засакаат Јехова Бог. (Прочитај Дела 24:15.)