Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  ноември 2014

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ ПОСТОИ ЃАВОЛ?

Треба ли да се плашиме од Ѓаволот?

Треба ли да се плашиме од Ѓаволот?

Јаглерод моноксидот е невидлив и опасен — исто како Ѓаволот

Многу тешко се открива. Без боја и мирис, може незабележано да ги фати своите жртви. Веројатно повеќе од половината од смртните случаи во светот предизвикани од труење се должат на еден виновник: јаглерод моноксид. Но, нема потреба од паника. Постојат различни начини да се открие присуството на овој гас и така да се заштитиш. Многу луѓе поставуваат безбедносен аларм и веднаш преземаат мерки доколку тој се активира.

Исто како јаглерод моноксидот, Ѓаволот е невидлив, многу е опасен и луѓето тешко можат да го откријат. Но, Бог не нѐ препуштил сами на себе. Ако добро ги користиш следниве работи што Бог ти ги дава како помош, нема да има потреба да се плашиш од Ѓаволот.

Право на избор. Во Јаков 4:7 пишува: „Спротивставете му се на Ѓаволот, и тој ќе побегне од вас“. Иако Сатана е моќен, не може да те натера да направиш нешто што не сакаш. Ти имаш слобода на избор. Во 1. Петрово 5:9 пишува: „Спротивставете му се [на Ѓаволот] цврсти во верата“. Не заборавај, откако Исус решително ги одбил трите искушенија, Сатана си заминал (Матеј 4:11). И ти можеш да одлучиш да се спротивставиш на обидите на Сатана да те измами.

Пријателство со Бог. Според стихот од Јаков 4:8, охрабрени сме да ‚му се приближиме на Бог‘. Јехова лично те повикува да се спријателиш со него. Како можеш да го направиш тоа? За почеток, најдобро е да научиш нешто повеќе за него од Библијата (Јован 17:3). Она што ќе го научиш за Јехова ќе те мотивира да го засакаш, а тоа, пак, ќе те мотивира да ја вршиш неговата волја (1. Јованово 5:3). Како ќе реагира твојот небесен Татко на тоа што сакаш да станеш поблизок со него? Јаков ни го дава одговорот: „[Бог] ќе ви се приближи вам“.

Можеме да се заштитиме ако ја користиме помошта од Јехова

Сигурна заштита. Во Изреки 18:10 читаме: „Името на Јехова е цврста кула. Во неа бега праведникот и наоѓа заштита“. Се разбира, тоа не значи дека Божјето лично име е некаква амајлија. Едноставно кажано, оние што длабоко го почитуваат Божјето име можат да му се обратат во секое време.

Практичен пример. Од Дела 19:19 дознаваме нешто интересно за луѓето од Ефес кои штотуку станале христијани: „Мнозина од оние што се занимаваа со магија ги собраа своите книги и ги изгореа пред сите. И проценија дека вредеа  педесет илјади сребреници“. * Тие христијани ги уништиле сите предмети што имале некаква врска со спиритизам, без оглед на тоа колку пари вределе. Нивниот пример може многу да ни помогне. Денес светот е длабоко потонат во окултизам и спиритизам. Дури и некои спиритистички предмети и постапки што изгледаат безопасно можат да нѐ стават под влијание на демоните. Многу е важно да немаме ништо со таквите работи! (5. Мојсеева 18:10-12).

Рохелио, кого го спомнавме во воведната статија, цели 50 години не верувал дека постои Ѓавол. Но, потоа си го сменил мислењето. Зошто? „За првпат во животот си набавив Библија“, вели тој. „Она што го дознав од Библијата ме увери дека Ѓаволот постои. Освен тоа, од неа научив како да се заштитам од него и како да не потпаднам под неговото влијание.“

„Она што го дознав од Библијата ме увери дека Ѓаволот постои. Освен тоа, од неа научив како да се заштитам од него и како да не потпаднам под неговото влијание“

Дали би сакал да го дочекаш денот кога Ѓаволот повеќе ќе го нема? Тоа можеш да го доживееш. Во Библијата е проречено дека доаѓа време кога Ѓаволот, кој заведува толку многу луѓе, ќе биде „фрлен во езерото огнено и сулфурно“ (Откровение 20:10). Се разбира, дословен оган или сулфур не можат да му наштетат на едно невидливо, духовно суштество. Според тоа, огненото езеро мора да претставува вечно уништување. Ѓаволот ќе го нема, и тоа засекогаш. Колку само ќе бидат радосни тогаш сите што го сакаат Бог!

Дотогаш, продолжи да учиш колку што можеш повеќе за Јехова и за неговите мерила. * Замисли си колку убаво ќе биде кога конечно ќе може да се каже: „Ѓаволот го нема!“

^ пас. 8 Ако тие сребреници биле римски денарии, тоа било прилично голема сума. Еден просечен работник би требало да работи 50.000 денови за да заработи толку пари.

^ пас. 11 За да дознаеш нешто повеќе во врска со Ѓаволот и спиритизмот, види во поглавје 10 од книгата Што навистина учи Библијата? Побарај еден примерок од Јеховините сведоци.

Нешто повеќе

ДОБРА ВЕСТ ОД БОГ!

Каква е Божјата намера со Земјата?

Библијата објаснува зошто Бог ја создал Земјата, кога ќе престанат страдањата и каква иднина ги чека Земјата и оние што ќе живеат на неа.

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Духовни суштества — како влијаат врз нас

Библијата зборува за ангели и демони. Дали овие духовни суштества навистина постојат? Можат ли да влијаат врз твојот живот?