Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  октомври 2014

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | БОЖЈЕТО ЦАРСТВО — ШТО МОЖЕ ДА ЗНАЧИ ЗА ТЕБЕ?

Божјето Царство — што ќе значи за тебе?

Божјето Царство — што ќе значи за тебе?

Читајќи ги претходните статии, веројатно забележа дека Божјето Царство им значи многу на Јеховините сведоци. Можеби те одушевија некои од споменатите благослови што ќе ги донесе Царството. Во исто време, можеби си мислиш дека таквите ветувања се премногу убави за да бидат вистинити.

Мудро е да бидеш претпазлив наместо веднаш да поверуваш во сѐ што ќе слушнеш (Изреки 14:15). Во некои аспекти, твојата претпазливост би можела да се спореди со онаа на луѓето во древниот град Верија. * Кога првпат ја чуле добрата вест за Царството тие поверувале во неа, но не само затоа што сакале тоа да биде вистина. Напротив, внимателно ги испитувале Писмата „за да видат дали е тоа така“ (Дела 17:11). Со други зборови, жителите на Верија го споредиле она што го чуле со она што го пишувало во Писмата. Со текот на времето се увериле дека добрата вест цврсто се темелела на Божјата Реч.

Јеховините сведоци те поттикнуваат и ти да го направиш истото. Преку нашата програма за бесплатно проучување на Библијата, ќе имаш можност да го споредиш она што го веруваат Јеховините сведоци за Божјето Царство со она што го пишува во Библијата за него.

Освен што ќе дознаеш нешто повеќе за Божјето Царство, тоа што ќе ја проучуваш Библијата може да ти помогне да најдеш одговор на некои од најважните животни прашања, како што се:

Што е најважно од сѐ, ако ја проучуваш Библијата, ќе станеш близок со Бог (Јаков 4:8). А како што ќе расте таа блискост, Божјето Царство ќе те радува сѐ повеќе, и тоа може да продолжи засекогаш. Во молитва до својот Татко, Исус рекол: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3).

 

^ пас. 4 Верија бил град во древна Македонија.