Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  октомври 2014

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Зошто да се молиме да дојде Божјето Царство?

Би сакал ли да дознаеш нешто повеќе за Божјето Царство и за она што ќе го постигне?

Божјето Царство е влада што се наоѓа на небото. Исус им рекол на своите следбеници да се молат тоа да дојде затоа што ќе воспостави праведност и мир на Земјата. Ниту една човечка влада не може потполно да ги отстрани насилството, неправдите и болестите, но Божјето Царство може и еден ден навистина ќе го стори тоа. Бог го избрал својот Син, Исус, да биде Цар на тоа Царство. А од Исусовите следбеници, Јехова избрал една група што ќе владее заедно со Исус. (Прочитај Лука 11:2; 22:28-30.)

Наскоро, Божјето Царство ќе ги отстрани сите оние што се против Божјата влада. Затоа, кога се молиме да дојде Божјето Царство, ние бараме Божјата влада да ги замени сите човечки влади. (Прочитај Даниел 7:13, 14; Откровение 11:15, 18.)

Зошто Божјето Царство ќе биде за доброто на луѓето?

Исус е идеален Цар затоа што е сочувствителен. Како Божји Син, тој има моќ да им помага на сите оние што го молат Бог за помош. (Прочитај Псалм 72:8, 12-14.)

Божјето Царство ќе биде за доброто на сите оние што искрено се молат тоа да дојде и што живеат во склад со Божјата волја. Зошто не дознаеш што вели Библијата за Божјето Царство? (Прочитај Лука 18:16, 17; Јован 4:23.)

 

Нешто повеќе

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Што е Божјето Царство?

Многу луѓе ја знаат молитвата Оченаш. Што значи изразот: „Да дојде царството твое“?

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Дали Бог ќе ги чуе моите молитви за помош?

Дали Бог навистина е заинтересиран за нашите проблеми?