Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  октомври 2014

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | БОЖЈЕТО ЦАРСТВО — ШТО МОЖЕ ДА ЗНАЧИ ЗА ТЕБЕ?

Зошто треба да ни биде важно Божјето Царство?

Зошто треба да ни биде важно Божјето Царство?

Милиони луѓе во светот чекаат да дојде Божјето Царство. Тие го следат примерот на Исус, кој ги поучил своите следбеници да се молат: „Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата“ (Матеј 6:10).

Иронично е тоа што, додека многу луѓе се живо заинтересирани за Божјето Царство, изгледа дека повеќето религии не му придаваат големо значење. Во врска со тоа, историчарот Х. Џ. Велс напишал дека го зачудува тоа што, иако Исус го ставил на „многу истакнато место... учењето за она што го нарекувал Небесното Царство“, тоа учење има „речиси безначајно место во... учењата на повеќето христијански цркви“.

За разлика од тие цркви, за Јеховините сведоци Божјето Царство е многу важно. На пример, списанието што сега го читаш, Стражарска кула, се издава на 220 јазици. Секој број има тираж од скоро 46 милиони примероци, поради што ова списание е најраспространетото списание во светот. А која е неговата главна порака? Одговорот го дава целосниот наслов на списанието: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство . *

Зошто Јеховините сведоци вложуваат толкав труд за да го објавуваат Божјето Царство? Како прво, затоа што веруваме дека Божјето Царство е главната порака на најважната книга во светот — Библијата. Освен тоа, уверени сме дека тоа Царство е единственото вистинско решение за проблемите на луѓето денес.

Јеховините сведоци им го свртуваат вниманието на луѓето на Божјето Царство. Со тоа го следат примерот на Исус. Додека тој бил на Земјата, најважно нешто во животот и службата му било Царството (Лука 4:43). Зошто Царството му било толку важно на Исус? И што може да значи Царството за тебе? Во следните статии ќе прочиташ каков одговор дава Библијата на овие прашања.

^ пас. 5 Јехова е името на Бог, кое го дознаваме од Библијата.