Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  септември 2014

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Можат ли ангелите да ни помогнат?

Исто како што ангелите му помогнале на Божјиот верен слуга Даниел во минатото, и денес им помагаат на луѓето да ја чујат добрата вест

Долго време пред да ги создаде луѓето, Јехова Бог создал милиони ангели (Јов 38:4, 7). Ангелите се моќни духовни суштества што му служат на Бог. Понекогаш тој ги праќа за да ги водат и штитат неговите слуги на Земјата (Псалм 91:10, 11). Денес ангелите помагаат да може до сите луѓе да допре добрата вест што ја проповедаат следбениците на Исус. (Прочитај Откровение 14:6, 7.)

Треба ли да им се молиме на ангелите за помош? Не. Со молитвата му оддаваме чест на Бог, а таква чест заслужува само тој (Откровение 19:10). Бидејќи ангелите се Божји слуги, тие примаат упатства од Бог, а не од луѓето. Затоа, треба да му се молиме само на Бог, и тоа во името на Исус. (Прочитај Псалм 103:20, 21; Матеј 26:53.)

Постојат ли лоши ангели?

Исто како луѓето, и ангелите биле создадени со слободна волја и самите одлучуваат дали ќе постапуваат исправно или погрешно. За жал, многу ангели се побуниле против Бог (2. Петрово 2:4). Првиот ангел што се побунил бил Сатана, а ангелите што му се придружиле биле наречени демони. Не многу одамна, Сатана и неговите демони биле истерани од небото и биле исфрлени на Земјата. (Прочитај Откровение 12:7-9.)

Драстичниот пораст на злото и насилството од 1914 год. наваму е знак дека Бог наскоро ќе му стави крај на влијанието на Сатана и демоните. Тогаш Бог ќе се погрижи Земјата повторно да изгледа онака како што замислил во почетокот. (Прочитај Откровение 12:12; 21:3, 4.)

 

Нешто повеќе

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Духовни суштества — како влијаат врз нас

Библијата зборува за ангели и демони. Дали овие духовни суштества навистина постојат? Можат ли да влијаат врз твојот живот?

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Дали навистина постојат демони?

Кои се демоните? Од каде доаѓаат?