Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  август 2014

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ СИ МУ ВАЖЕН НА БОГ?

Дали Бог се грижи за тебе?

Дали Бог се грижи за тебе?

„А мене ме притискаат неволја и мака. Но Јехова се грижи за мене“ * (ДАВИД ОД ИЗРАЕЛ, 11 ВЕК ПР.Н.Е.)

„За него народите се како капка од ведро“ (ИСАИЈА 40:15)

Дали Давид оправдано бил уверен дека Бог се грижи за него? Дали Бог се грижи и за тебе? На многу луѓе им е тешко да веруваат дека еден семоќен Бог е заинтересиран за нив. Зошто?

Една причина е тоа што Бог е далеку повисок облик на живот од луѓето. Гледано од неговата возвишена положба, цели народи „се како капка од ведро, вредат колку правот на вага“ (Исаија 40:15). Еден критичар од поново време дури заклучил дека „нема поголема вообразеност од тоа да мислиш дека постои Бог што искрено се интересира за твојот живот“.

Од друга страна, некои луѓе сметаат дека не се достојни за Божјето внимание затоа што не се добри личности. На пример, еден човек по име Џим раскажува: „Постојано се молев да бидам смирен и да покажувам самоконтрола, но сепак на моменти избувнував. На крајот заклучив дека сум непоправливо злобен и дека не може да ми помогне дури ни Бог“.

Дали Бог е толку далеку од луѓето што воопшто не ги забележува? Како гледа на нас, несовршените луѓе? Ако Бог не ни се открил самиот, ниеден човек не би можел со право да зборува во негово име и да одговори на тие прашања. Сепак, преку Библијата, Бог ни се обраќа нам и нѐ уверува дека тој не е некакво далечно божество без чувства кон луѓето. Всушност, во неа пишува дека тој „не е далеку од никого од нас“ (Дела 17:27). Во следните четири статии ќе видиме како гледа Бог на луѓето и како покажал дека е заинтересиран за секого од нас.

^ пас. 3 Псалм 40:17; Јехова е името на Бог, кое го дознаваме од Библијата.