Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  август 2014

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ СИ МУ ВАЖЕН НА БОГ?

Бог сака да бидеш близок со него

Бог сака да бидеш близок со него

„Никој не може да дојде кај мене, ако не го привлече Таткото, кој ме испрати“ (ЈОВАН 6:44)

ЗОШТО НЕКОИ СЕ СОМНЕВААТ ВО ТОА: Многу луѓе што веруваат во Бог, не се чувствуваат блиски со него. „За мене тој беше Бог што создал сѐ“, вели Кристина од Ирска, која секоја недела одела во црква. „Но, не го познавав. Во ниту еден момент не се почувствував блиска со него.“

ШТО ВЕЛИ БОЖЈАТА РЕЧ: Кога се наоѓаме во тешка ситуација и не гледаме никаков излез, Јехова не нѐ напушта. Исус го рекол следново за да ни покаже колку се грижи Бог за нас: „Ако некој човек има сто овци и една од нив залута, нема ли да ги остави оние деведесет и девет в планина и да тргне да ја бара залутаната?“ Каква поука сакал да даде Исус? „Така и мојот Татко, кој е на небото, не сака да загине ниту еден од овие маливе“ (Матеј 18:12-14).

Секој ,еден од тие мали‘, односно секој човек, е скапоцен за Јехова. А како Бог ги бара оние што ,залутале‘? Стихот што е цитиран над сликата покажува дека Јехова ги привлекува луѓето кон себе.

Кој денес ги бара луѓето во нивните домови или на јавни места за да им ја пренесе библиската вистина за Бог?

Да видиме некои примери што покажуваат како Бог го презел првиот чекор за да им се приближи на поединци. Во првиот век од н.е., Бог го испратил христијанскиот ученик Филип да стигне една етиопска службена кола и да разговара со етиопскиот службеник за значењето на едно библиско пророштво што тој го читал (Дела 8:26-39). Во една друга прилика, Бог му рекол на апостол Петар да отиде во домот на еден римски службеник по име Корнелиј, кој му се молел на Бог и сакал да му служи (Дела 10:1-48). Исто така, Бог ги водел апостол Павле и неговите соработници до една река во близина на градот Филипи. Таму сретнале една жена по име Лидија ,која го почитувала Бог‘ и на која ,Јехова ѝ го отворил срцето да го прифати она што го зборувал Павле‘ (Дела 16:9-15).

Во секој од овие случаи, Јехова се погрижил оние што го барале да имаат прилика да го запознаат. А кој денес ги бара луѓето во нивните домови или на јавни места за да им ја пренесе библиската вистина за Бог? Мнозина би рекле „Јеховините сведоци“. Прашај се: ,Дали можеби Бог ги користи нив за да ми се приближи?‘ Те поттикнуваме да го молиш Бог да ти помогне да се зближиш со него. *

^ пас. 8 За да дознаеш нешто повеќе, погледни го видеоклипот Зошто да ја проучуваш Библијата? на www.jw.org/mk.

Нешто повеќе

БИБЛИСКИ КУРС

Зошто да ја проучуваш Библијата?

Библијата им помогнала на милиони луѓе низ целиот свет да ги дознаат одговорите на најважните прашања. Дали би сакал да ги дознаеш и ти?

ДОБРА ВЕСТ ОД БОГ!

Како да се зближиш со Бог?

Дознај дали Бог ги слуша сите молитви, како да се молиме и на кој друг начин можеме да се зближиме со Бог.