Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  јули 2014

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Зошто треба да се молиме?

Јехова Бог сака слободно да му кажеме сѐ што нѐ загрижува (Лука 18:1-7). Тој нѐ слуша затоа што е заинтересиран за нас. Бидејќи нашиот небесен Татко самиот ни вели да му се молиме, треба да го правиме тоа. (Прочитај Филипјаните 4:6.)

Целта на молитвата не е само да бараме помош од Бог. Таа ни помага да се зближиме со него (Псалм 8:3, 4). Кога редовно му ги искажуваме своите чувства на Бог, стануваме поблиски со него. (Прочитај Јаков 4:8.)

Како треба да се молиме?

Кога се молиме, Бог не сака да користиме посебно избрани зборови или напамет научени молитви. Не е потребно ниту да заземеме некоја посебна положба. Јехова сака да му се молиме од срце (Матеј 6:7). На пример, во древниот Израел, Ана се молела за еден семеен проблем што многу ја измачувал. Подоцна, кога нејзината мака била заменета со радост, од срце му се заблагодарила на Бог во една длабока молитва. (Прочитај 1. Самоилова 1:10, 12, 13, 26, 27; 2:1.)

Каква посебна чест имаме! Можеме да му ги кажеме сите наши грижи на оној што нѐ создал. Исто така, можеме да го фалиме и да му се заблагодаруваме за она што го прави за нас. Сигурно не би сакале да пропуштиме една таква скапоцена можност. (Прочитај Псалм 145:14-16.)