Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  јули 2014

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ЗОШТО НА ДОБРИ ЛУЃЕ ИМ СЕ СЛУЧУВААТ ЛОШИ РАБОТИ?

Што ќе направи Бог за да му стави крај на злото

Што ќе направи Бог за да му стави крај на злото

Библијата јасно ни кажува што ќе направат Јехова и неговиот Син, Исус Христос, со сето страдање што го предизвикал Сатана Ѓаволот. „Затоа дојде Синот Божји, да ги уништи делата на Ѓаволот“, пишува во неа (1. Јованово 3:8). На сегашниов свет, кој е преполн со алчност, омраза и злоба, ќе му дојде крајот. А „владетелот на овој свет ќе биде исфрлен надвор“, како што ветил Исус (Јован 12:31). Сатана повеќе нема да има никакво влијание и ќе биде воспоставен еден праведен нов свет. Тогаш Земјата ќе стане прекрасен рај во кој ќе владее мир (2. Петрово 3:13).

Што ќе се случи со оние што тврдоглаво одбиваат да се променат и упорно прават лоши работи? Бог ветил: „Праведниците ќе живеат на земјата и непорочните ќе останат на неа. А злите ќе бидат истребени од земјата и оние што постапуваат неверно ќе бидат искоренети од неа“ (Изреки 2:21, 22). Лошите луѓе повеќе нема да го шират своето влијание. Под таквите мирољубиви услови, послушните луѓе постепено ќе бидат ослободени од наследената несовршеност (Римјаните 6:17, 18; 8:21).

Како Бог ќе ги отстрани лошите работи во тој нов свет? Како што видовме, тоа нема да го постигне така што ќе им ја одземе слободната волја на луѓето и ќе ги направи роботи. Наместо тоа, ќе ги поучи послушните луѓе за она што е исправно и ќе им помогне да ги отстранат лошите мисли и постапки.

Бог ќе ја отстрани секоја причина за страдање

Што ќе преземе Бог во врска со несреќите и природните катастрофи? Тој ветил дека неговото Царство наскоро ќе почне да владее со Земјата. Царот што го поставил Бог е Исус Христос, кој има моќ да ги лекува болните (Матеј 14:14). Исус има моќ и над природните сили (Марко 4:35-41). Според тоа, повеќе нема да има страдања предизвикани од „времето и непредвидените настани“ (Проповедник 9:11). Под власта на Христос, човештвото нема да го снајде ниту една несреќа (Изреки 1:33).

А што е со милионите невини луѓе што умреле низ годините? Кратко пред да му го врати животот на својот пријател Лазар, Исус рекол: „Јас сум воскресението и животот“ (Јован 11:25). Да, Исус има моќ да воскреснува, односно да ги врати во живот оние што умреле!

Ако сакаш да живееш во еден свет во кој на добрите луѓе нема да им се случуваат лоши работи, треба да научиш нешто повеќе за вистинскиот Бог и за неговите намери. За таа цел треба да ја проучуваш Библијата. На Јеховините сведоци во твоето место ќе им биде мило да ти помогнат во тоа. Срдечно те покануваме да стапиш во контакт со нив или да пишеш до издавачите на ова списание.