Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  јули 2014

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ЗОШТО НА ДОБРИ ЛУЃЕ ИМ СЕ СЛУЧУВААТ ЛОШИ РАБОТИ?

Лоши работи на секој чекор!

Лоши работи на секој чекор!

Смита, * 35-годишна жена од Дака (Бангладеш), била позната како добра и љубезна личност. Луѓето ја знаеле како вредна и среќна млада жена која сакала да им кажува на другите за она што го дознала за Бог. Колкав шок доживеале членовите на нејзиното семејство и пријателите кога таа ненадејно се разболела и умрела за само неколку дена!

Џејмс и неговата жена, млад брачен пар во 30-тите години, биле луѓе слични како Смита. Еден пролетен ден, од својот дом во Њујорк тие отишле на западниот брег на Соединетите Држави за да посетат некои пријатели. Меѓутоа, никогаш повеќе не се вратиле дома. Додека биле на пат, загинале во сообраќајна несреќа и оставиле празнина во срцата на нивните роднини, пријатели и колеги.

Живееме во време кога злото и страдањата ги има на секој чекор. Во војните гинат и војници и цивили. Жртви на криминалот и насилството се недолжни луѓе. Несреќните случаи и смртоносните болести косат животи на млади и стари, на богати и на сиромашни. Природните катастрофи срамнуваат со земја цели региони. Насекаде има предрасуди и неправди. Можеби и ти лично си бил жртва на некоја од овие работи.

Сосема е природно да си ги поставиме следниве прашања:

  • Зошто на добри луѓе им се случуваат лоши работи?

  • Дали Бог е виновен за тоа?

  • Дали катастрофите се случајни појави или се предизвикани од човек?

  • Дали тоа е карма, односно последица од грешките што некој ги правел во својот претходен живот?

  • Ако постои семоќен Бог, зошто не ги заштити од лошо добрите луѓе?

  • Ќе дојде ли време кога ќе нема зло и страдања?

За да одговориме на овие прашања, треба да разјасниме две работи: Зошто им се случуваат лоши работи на сите луѓе, и што ќе направи Бог во врска со тоа.

^ пас. 3 Имињата се сменети.