Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  мај 2014

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Кој владее со светот?

Кога Бог би владеел со овој свет, зар би имало толку страдања?

Многу луѓе мислат дека со светот владее Бог. Но, кога тоа би било точно, дали на Земјата би имало толку многу страдања? (5. Мојсеева 32:4, 5). Во Библијата пишува дека светот е под власта на една злобна личност. (Прочитај 1. Јованово 5:19.)

Како дошло до тоа една злобна личност да завладее со луѓето? Уште во почетокот на човечката историја, еден ангел се побунил против Бог и ги навел првите маж и жена да му се придружат во побуната (1. Мојсеева 3:1-6). Тие одлучиле да го послушаат тој бунтовен ангел, наречен Сатана, и со тоа го избрале за свој владетел. Меѓутоа, Семоќниот Бог е единствениот што има право да владее. Сепак, тој сака луѓето да го одберат за свој Владетел поттикнати од љубов кон него (5. Мојсеева 6:6; 30:16, 19). За жал, повеќето луѓе биле наведени да ја донесат истата погрешна одлука како што направила првата човечка двојка. (Прочитај Откровение 12:9.)

Кој ќе ги реши проблемите на луѓето?

Дали Бог ќе му дозволи на Сатана да продолжи со своето злобно владеење? Не! Преку Исус, Бог ќе ја поправи сета штета што ја предизвикал Сатана. (Прочитај 1. Јованово 3:8.)

Со овластување од Бог, Исус ќе го уништи Сатана (Римјаните 16:20). Потоа, Бог ќе владее со целото човештво. Тогаш животот на луѓето повторно ќе биде исполнет со радост и мир, како што отсекогаш сакал Бог. (Прочитај Откровение 21:3-5.)

Нешто повеќе

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Каква е Божјата намера со Земјата?

Дали некогаш ќе се исполни Божјата намера да има рај на Земјата? Ако да, кога?