Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  април 2014

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Што ќе направи Исус во иднина?

Во 33 год. од н.е., Исус умрел, воскреснал и се вознел на небото. Откако поминало долго време, тој почнал да владее како Цар (Даниел 7:13, 14). Во иднина, Исус ќе ја употреби својата власт за да воспостави светски мир и да ја искорени сиромаштијата. (Прочитај Псалм 72:7, 8, 13.)

Како Цар, Исус ќе ја исчисти Земјата од сета неправедност

Кога ќе владее со луѓето, Исус ќе направи прекрасни работи. Ќе ја употреби моќта што му ја дал неговиот Татко за да им помогне на луѓето да станат совршени. Така, тие ќе му се радуваат на животот на Земјата без да стареат и без да умираат. (Прочитај Јован 5:26-29; 1. Коринќаните 15:25, 26.)

Што прави Исус сега?

Денес Исус го води делото на проповедање што неговите следбеници го извршуваат низ целиот свет. Тие одат кај луѓето за да им кажат што вели Библијата за Божјето Царство. Исус им ветил на своите ученици дека ќе ги поддржува во нивното дело сѐ додека Божјето Царство не ги замени човечките влади. (Прочитај Матеј 24:14; 28:19, 20.)

Преку вистинското христијанско собрание, Исус ги учи луѓето како да водат подобар живот. Тој ќе им помага и ќе ги штити за време на уништувањето на овој свет и ќе им овозможи да живеат во новиот свет што го ветил Бог. (Прочитај 2. Петрово 3:7, 13; Откровение 7:17.)

Нешто повеќе

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Што е Божјето Царство?

Многу луѓе ја знаат молитвата Оченаш. Што значи изразот: „Да дојде царството твое“?