Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  март 2014

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Какво значење има за нас смртта на Исус?

Кога Бог ги создал луѓето, имал намера да живеат вечно на Земјата без болести и смрт. Меѓутоа, првиот човек, Адам, не го послушал Бог и затоа го изгубил правото на вечен живот. Бидејќи ние сме потомци на Адам, од него сме наследиле смрт (Римјаните 5:8, 12; 6:23). Вистинскиот Бог, Јехова, го испратил на Земјата својот Син, Исус, да умре за нас и да го врати она што го изгубил Адам. (Прочитај Јован 3:16.)

Исус умрел за да можеме да живееме вечно. Како си го замислуваш вечниот живот на Земјата?

Благодарение на тоа што Исус умрел, можат да ни бидат простени гревовите и да добиеме вечен живот. Библијата опишува каков ќе биде животот на Земјата кога повеќе нема да постојат староста, болестите и смртта. (Прочитај Исаија 25:8; 33:24; Откровение 21:4, 5.)

На кој начин треба да ја одбележуваме смртта на Исус?

Вечерта пред да умре, Исус им рекол на своите следбеници да ја одбележуваат неговата смрт на еден едноставен начин. Тој настан се нарекува Спомен-свеченост и се одржува еднаш годишно. Тогаш имаме можност да размислуваме за тоа колкава љубов кон луѓето покажале Исус и Јехова. (Прочитај Лука 22:19, 20; 1. Јованово 4:9, 10.)

Оваа година, Спомен-свеченоста ќе се одржи по зајдисонце во понеделник, на 14 април. Срдечно те покануваме и тебе да го одбележиш тој настан заедно со Јеховините сведоци во твоето место. (Прочитај Римјаните 1:11, 12.)