Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  февруари 2014

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ВОЈНА КОЈА ГО ПРОМЕНИ СВЕТОТ

Вистинскиот виновник за војните и страдањата

Вистинскиот виновник за војните и страдањата

На 11 ноември 1918 год., заврши Првата светска војна. Тој ден, луѓето наместо да отидат на работа, се радуваа и танцуваа по улиците. Но, радоста не траеше долго. Кратко по војната следеше уште една неволја која покоси повеќе животи дури и од оружјето.

Во јуни 1918 год., смртоносната зараза, позната како Шпански грип, почна да се шири на бојните полиња во Франција. За кратко време овој грип однесе многу животи. На пример, во Франција за само неколку месеци, Шпанскиот грип уби повеќе американски војници отколку непријателската војска. Откако заврши војната, војниците кои се вратија дома го донесоа вирусот во своите родни места. Набргу овој грип го зафати целиот свет.

Освен тоа, во годините по војната настапија глад и тешка економска криза. Во 1918 год., кога завршија судирите, голем дел од луѓето во Европа гладуваа. До 1923 год., германската валута речиси ја изгуби својата вредност. Шест години подоцна, светската економија доживеа целосен пад. Згора на тоа, во 1939 год., започна Втората светска војна, која на некој начин беше продолжение на Првата светска војна. Која беше причината за овие неволји?

ЗНАКОТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Пророштвата запишани во Библијата ни откриваат зошто се случиле некои значајни настани. Ова особено се однесува на Првата светска војна. Исус Христос прорекол дека ќе дојде време кога „ќе се крене народ против народ“ и кога низ целата Земја ќе беснеат глад  и болести (Матеј 24:3, 7; Лука 21:10, 11). Тој им рекол на своите ученици дека ваквите неволји ќе бидат дел од знакот на последните денови. Повеќе информации за ова се запишани во библиската книга Откровение, во која како причина за неволјите на Земјата е спомната една војна што се случила на небото. (Види ја рамката  „Војна на Земјата и војна на небото“.)

Во истата библиска книга се опишани четири јавачи, кои се познати и како јавачи на Апокалипсата. Тројца од нив ги претставуваат истите неволји кои ги претскажал Исус — војни, глад и болести. (Види ја рамката  „Што претставуваат четирите јавачи?“) Без сомнение, со Првата светска војна започнал еден мрачен период кој трае до ден-денес. Библијата ни открива дека Сатана е вистинскиот виновник кој го започнал сето ова (1. Јованово 5:19). Дали тој засекогаш ќе предизвикува вакви неволји?

Во Откровението пишува дека Сатана „има кратко време“ (Откровение 12:12). Поради тоа, тој е многу гневен и им нанесува невидена болка и тага на луѓето. Но, од друга страна, неволјите што ги гледаме се доказ дека времето на Сатана истекува.

 ДЕЛАТА НА ЃАВОЛОТ ЌЕ БИДАТ УНИШТЕНИ

Првата светска војна навистина беше пресвртница во историјата. Таа означи почеток на ера на војни, крвави револуции и недоверба во човечките владетели. Освен тоа, оваа војна е непобитен доказ дека Сатана бил исфрлен од небото (Откровение 12:9). Овој невидлив владетел е како суров диктатор кој знае дека деновите му се избројани. Кога тие денови ќе завршат, конечно ќе завршат и неволјите кои започнаа со Првата светска војна.

Библиските пророштва нѐ уверуваат дека Исус Христос, нашиот небесен Цар, наскоро ќе ги „уништи делата на Ѓаволот“ (1. Јованово 3:8). Милиони луѓе се молат да дојде Божјето Царство. Дали се молиш и ти? Тоа Царство ќе им овозможи на верните луѓе да видат како на Земјата се врши Божјата волја, а не волјата на Сатана (Матеј 6:9, 10). Под власта на Божјето Царство, никогаш повеќе нема да има војни (Псалм 46:9). Зошто не дознаеш нешто повеќе за ова Царство? И ти можеш да го дочекаш времето кога на Земјата ќе има мир! (Исаија 9:6, 7).

^ пас. 20 Нешто повеќе можеш да прочиташ во поглавје 8 од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.