Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  јануари 2014

 РАЗГОВОР НА БИБЛИСКИ ТЕМИ

Зошто Бог ги допушта страдањата?

Зошто Бог ги допушта страдањата?

Следи типичен разговор на еден Јеховин сведок со некој станар. Да речеме дека Марија, која е Јеховин сведок, отишла кај една жена по име Софија.

КАКО СЕ ЧУВСТВУВА БОГ КОГА СТРАДАМЕ?

Марија: Здраво, Софија. Како си?

Софија: Здраво. Добро сум.

Марија: Како е мајка ти?

Софија: Некогаш е подобро, некогаш полошо.

Марија: Сигурно не е лесно човек да остане позитивен во таква ситуација.

Софија: Лесно? Понекогаш се прашувам до кога ќе мора вака да се мачи.

Марија: Многу ми е жал, Софија. Минатиот пат кога се видовме зборувавме за тоа како се чувствува Бог кога страдаме. * Ти спомна дека долго време си сакала да го знаеш тоа, особено откако мајка ти имала сообраќајка. Можеби се сеќаваш дека, пред да си одам, ти поставив прашање во врска со тоа зошто Бог ги допушта страдањата ако има моќ да ги спречи.

Софија: Да, се сеќавам.

Марија: Пред да го побараме одговорот во Библијата, да се потсетиме на некои мисли што ги спомнавме минатиот пат.

Софија: Добро.

Марија: Прво, видовме дека дури и еден верен човек од минатото се прашувал зошто Бог ги допушта страдањата. Но, Бог не му се налутил ниту, пак, му рекол дека има слаба вера.

Софија: Да, тоа првпат го слушнав.

Марија: Исто така, дознавме дека Јехова Бог чувствува голема болка кога страдаме. На пример, во Библијата пишува дека кога неговиот народ доживувал неволји и ‚тој чувствувал болка‘. * Зарем не е утешно тоа што знаеме дека Бог сочувствува со нас?

Софија: Да.

Марија: На крај, рековме дека со оглед на тоа што нашиот Творец има огромна моќ, сигурно може во секој момент да преземе нешто и да ги прекине страдањата.

Софија: Е, баш тоа не ми е јасно. Кога Бог има толкава моќ, тогаш зошто не направи нешто?

КОЈ БИЛ ВО ПРАВО?

Марија: Добро прашање. Ајде заедно да го побараме одговорот. Дали некогаш си слушнала за Адам и Ева и за забранетиот плод?

Софија: Да, сум слушнала, како не. Бог им рекол да не јадат од едно дрво, ама тие не го послушале.

Марија: Точно. Прво, да видиме како дошло до тоа Адам и Ева да згрешат. Тоа што се случило тогаш ќе ни помогне да  сфатиме зошто ние денес страдаме. Еве тука, ќе читаме во првата книга од Библијата, 1. Мојсеева. Сакаш да ги прочиташ стиховите 1-5 од третото поглавје?

Софија: Може. „А змијата беше најпретпазлива од сите диви полски животни што ги беше направил Јехова Бог. Затоа ѝ рече на жената: ‚Навистина ли рекол Бог дека не смеете да јадете од секое дрво во градината?‘ А жената ѝ одговори на змијата: ‚Од плодовите на дрвјата во градината смееме да јадеме. Но, за плодот од дрвото што е среде градината, Бог рече: „Не јадете од него и не допирајте го за да не умрете!“‘ Тогаш змијата ѝ рече на жената: ‚Не, вие нема да умрете. Зашто Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како Бог и ќе знаете што е добро, а што зло‘.“

Марија: Да ги разгледаме малку подетално овие стихови. Прво, како што можеше да забележиш, змијата зборувала со Ева. Од еден друг стих од Библијата дознаваме дека преку змијата всушност зборувал Сатана, Ѓаволот. * Сатана ѝ поставил прашање на Ева во врска со Божјата заповед да не јадат од плодот на едно дрво. Дали забележа што рекол Бог дека ќе се случи ако Адам и Ева каснат од плодот?

Софија: Дека ќе умрат.

Марија: Точно. Но, види што ѝ рекол Сатана: „Не, вие нема да умрете“. Ова било тешко обвинение против Бог. Всушност, со други зборови, тој го нарекол Бог лажливец!

Софија: Тоа не сум го знаела.

Марија: Кога Сатана го нарекол Бог лажливец, покренал едно прашање на кое не можело веднаш да се даде одговор, туку било потребно време. Знаеш зошто?

Софија: Не баш.

Марија: Замисли си дека тврдам дека сум посилна од тебе. Како ќе докажеш дека не сум во право?

Софија: Па, има начин да се провери кој е посилен.

Марија: Да, има. Би можеле да земеме еден тежок предмет за да видиме која од нас може да го крене. Така веднаш ќе се докаже кој е посилен.

Софија: Сега сфаќам што сакаш да ми кажеш.

Марија: Но, што ако тврдам дека не си искрена? Тоа не може толку лесно да се докаже, нели?

Софија: Да, тоа би било потешко да се докаже.

Марија: Ќе треба да оставиме времето да покаже дека навистина си искрена. Така и другите би можеле да видат каква личност си.

Софија: Имаш право.

Марија: Сега, да се вратиме пак на стиховите што ги читавме. Дали Сатана тврдел дека е посилен од Бог?

Софија: Не.

Марија: Ако Сатана го тврдел тоа, Бог многу лесно ќе докажел дека не е во право. Но, наместо тоа, Сатана тврдел дека Бог не е искрен. На некој начин тој ѝ кажал на Ева: ‚Бог те лаже. Јас ти ја зборувам вистината‘.

Софија: Аха, сега сфаќам.

Марија: Бидејќи е многу мудар, Бог знаел дека е најдобро да се остави времето да покаже кој е во право. Така ќе било јасно кој ја зборувал вистината, а кој лажел.

УШТЕ ЕДНО ОБВИНЕНИЕ

Софија: Но кога Ева умрела, не ли било тоа доказ дека Бог ја кажувал вистината?

Марија: Донекаде, да. Но, Сатана го обвинил Бог за уште една работа. Види што пишува во 5. стих. Што друго Сатана ѝ кажал на Ева?

 Софија: Тој ѝ рекол дека ако јаде од плодот, ќе ѝ се отворат очите.

Марија: Да, и дека ќе ‚стане како Бог и ќе знае што е добро, а што зло‘. Значи, Сатана тврдел дека Бог им скратува нешто на луѓето.

Софија: Сфаќам.

Марија: И тоа било тешко обвинение.

Софија: Како мислиш?

Марија: Сатана, на некој начин, како да кажал дека на Ева и на сите нејзини потомци ќе им биде подобро без Бог. И за ова Јехова знаел дека е најмудро да му дозволи на Сатана да докаже дали е во право. Затоа Бог му допуштил на Сатана одредено време да владее со овој свет. Сега ја знаеме причината зошто луѓето толку многу страдаат — затоа што Сатана владее со овој свет, а не Бог. * Но, има и добра вест.

Софија: Добра вест?

Марија: Од Библијата дознаваме две убави работи во врска со Бог. Како прво, Јехова се грижи за нас кога минуваме низ тешкотии. На пример, да видиме што кажал цар Давид во Псалм 31:7. Тој доживеал многу страдања во животот, но види што му рекол на Бог во молитва. Ќе сакаш да го прочиташ и овој стих?

Софија: Може. „Ќе се веселам и ќе се радувам поради твојата милост, поради тоа што погледна на мојата неволја. Ти ги знаеш маките на мојата душа.“

Марија: Значи, иако Давид многу страдал, го тешело тоа што знаел дека Јехова гледа низ што сѐ минува. Бог е свесен колкава болка чувствуваме кога страдаме, дури и ако другите не можат потполно да нѐ разберат. Ова е многу утешно, нели?

Софија: Па, да.

Марија: Втората убава работа е дека Бог нема да дозволи страдањата да траат засекогаш. Во Библијата пишува дека тој многу скоро ќе му стави крај на злобното владеење на Сатана. Освен тоа, Бог целосно ќе ја надомести сета штета што ни била нанесена, како и штетата што ви била нанесена тебе и на твојата мајка. Но, зошто можеме да бидеме сигурни дека Бог наскоро ќе им стави крај на сите страдања? Ако сакаш, можам да поминам наредната седмица за да ти покажам што вели Библијата за тоа. *

Софија: Да, може. Баш би сакала.

Дали имаш прашање за кое сакаш да дознаеш каков одговор дава Библијата? Дали сакаш да дознаеш нешто повеќе за Јеховините сведоци и нивните верувања? Тогаш, следниот пат кога ќе сретнеш некој од нив, слободно прашај го сѐ што те интересира. Сигурно со задоволство ќе ти одговори.

^ пас. 11 Види ја статијата „Разговор на библиски теми — Дали на Бог му е сеедно што страдаме?“ во Стражарска кула од 1 јули 2013, која е достапна и на www.jw.org/mk.

^ пас. 59 Нешто повеќе можеш да прочиташ во поглавје 9 од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.

 

Нешто повеќе

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Дали живееме во „последните денови“?

Дознај зошто постапките и ставовите на луѓето околу нас се доказ дека сега живееме во „последните денови“ кои се проречени во Библијата.