Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  јануари 2014

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Каква личност е Бог?

Бог е духовна личност, затоа не можеме да го видиме. Тој го создал небото, Земјата и сѐ што е живо. Никој не го создал Бог — тој нема почеток (Псалм 90:2). Бог сака луѓето да ја дознаат вистината за него. (Прочитај Дела 17:24-27.)

Бог има лично име, кое ни го открил. Можеме да дознаеме некои негови особини ако размислуваме за сето она што го создал (Римјаните 1:20). Но, за уште подобро да го запознаеме, треба да ја проучуваме неговата Реч, Библијата. Таа ни ги открива неговите прекрасни особини. (Прочитај Псалм 103:7-10.)

Како гледа Бог на неправдите?

Нашиот Творец, Јехова, ги мрази неправдите (5. Мојсеева 25:16). Бог нѐ создал со способност да ги покажуваме особините што ги покажува самиот тој. Токму заради тоа и повеќето луѓе ги мразат неправдите. Бог не е виновен за неправдите што се случуваат околу нас. Тој на секој човек му дал слободна волја. За жал, многумина го злоупотребуваат овој дар и постапуваат неправедно. Со тоа му нанесуваат болка на Бог. (Прочитај 1. Мојсеева 6:5, 6; 5. Мојсеева 32:4, 5.)

Бидејќи Јехова ја сака правдата, нема засекогаш да ја трпи неправдата (Псалм 37:28, 29). Библијата ни ветува дека наскоро Бог ќе им стави крај на неправдите. (Прочитај 2. Петрово 3:7-9, 13.)

Библијата ни ветува дека наскоро Бог ќе донесе правда за сите луѓе

Нешто повеќе

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Која е вистината за Бог?

Што мислиш, дали Бог се грижи за тебе лично? Дознај нешто повеќе за неговите особини и за тоа како можеш да се зближиш со него.