Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  јануари 2014

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ СМРТТА Е КРАЈ НА СЀ?

Прангите на смртта

Прангите на смртта

Смртта е една од најболните теми. Многу луѓе воопшто не сакаат да зборуваат за неа. Но, кога-тогаш секој од нас ќе се соочи со последиците од смртта. А болката што таа ја остава зад себе е неподнослива.

Никогаш не може да се каже дека некој е целосно подготвен да поднесе загуба на родител, сопружник или дете. Смртта може да земе нечиј живот сосема неочекувано или, пак, може да настапи по долг период на боледување. Како и да е, болката е неизбежна и може потполно да нѐ скрши.

Антонио, кој го изгубил својот татко во сообраќајна несреќа, вели: „Тоа е како некој да ти ја заклучи куќата и да ти ги земе клучевите. Не можеш да влезеш во неа дури ни за кратко. Ти остануваат само спомените и суровата реалност. Иако не сакаш да ја прифатиш затоа што мислиш дека тоа што се случило не е фер, не можеш да направиш ништо“.

Дороти останала вдовица на 47 години. Кога го изгубила својот сопруг, ѝ се појавиле многу прашања. Таа решила да ги најде одговорите. Иако во неделното училиште во Англиканската црква ги учела децата дека по смртта луѓето продолжуваат да живеат, не била сигурна дали тоа е точно. Дороти го прашала свештеникот: „Што се случува со нас кога ќе умреме?“ Тој ѝ одговорил: „Тоа никој не го знае. Единствено нешто што ни преостанува е да чекаме и да видиме“.

Немаме ли друг избор освен „да чекаме и да видиме“? Постои ли начин да дознаеме дали смртта навистина е крај на сѐ?