Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  ноември 2009

Заблуда бр. 5: Марија е богородица

Заблуда бр. 5: Марија е богородица

Од каде потекнува ова заблуда?

„Обожавањето на мајката Божја добило полн замав... кога паганите почнале масовно да се слеваат во црквата... Нивната побожност и религиозна свест [на паганите што се преобратиле во христијанството] се обликувала низ илјадници години преку култот на ‚големата мајка‘ божица и на ‚божествената девица‘“ (The New Encyclopædia Britannica од 1988, том 16, страници 326 и 327).

Што вели Библијата?

„Ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус. Он ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот... И роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји“ (нагласено од нас; Лука 1:31-35, Превод на МПЦ).

Овие библиски стихови јасно покажуваат дека Марија била мајка на ‚Синот Божји‘, а не на Бог. Зар би можела да го носи во себе Оној што ‚ни небото над небесата не може да го собере‘? (1. Царевите 8:27). Таа никогаш не рекла такво нешто. Учењето за тројството внело збрка околу тоа која била Марија. Кога била прогласена за Богородица на концилот во Ефес во 431 год. од н.е., бил подготвен теренот за обожавањето на Марија. Градот Ефес, во кој се одржал овој црковен собир, со векови бил центар на обожавањето идоли во чест на Артемида, божицата на плодноста.

Така, многу аспекти од обожавањето на кипот на Артемида кој ‚паднал од небото‘, како што се свечените поворки, биле внесени и во обожавањето на Марија (Дела 19:35). Друг обичај што се вовлекол во христијанството била употребата на кипови на Марија и на други светци.

Спореди ги следниве библиски стихови: Матеј 13:53-56; Марко 3:31-35; Лука 11:27, 28.

ФАКТ:

Марија била мајка на Божјиот Син, а не на Бог. Заблудата за тројството водела до обожавање на Марија како Богородица