Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  ноември 2009

Заблуда бр. 1: Душата е бесмртна

Заблуда бр. 1: Душата е бесмртна

Од каде потекнува оваа заблуда?

„Првите христијански филозофи го прифатиле грчкиот концепт за бесмртност на душата и верувале дека Бог прво ја создава душата, а потоа ја внесува во телото при зачнувањето“ (The New Encyclopædia Britannica од 1988 год., том 11, страница 25).

Што вели Библијата?

„Која душа греши, таа ќе умре“ (Езекиел 18:4, Превод на МПЦ).

Во врска со создавањето на првата човечка душа, Библијата вели: „Јехова Бог го направи човекот од земниот прав и му дувна во носниците здив на животот, и човекот стана жива душа [на хебрејски нефеш]“ (1. Мојсеева 2:7).

Хебрејскиот збор нефеш, преведен со „душа“, значи ‚суштество што дише‘. Кога Бог го создал првиот човек, Адам, не му внел бесмртна душа, туку животна сила што се одржува со дишење. Според тоа, во библиска смисла на зборот, ‚душата‘ се однесува на целото живо суштество. Ако се одвои од животната сила што Бог ја дал во почетокот, душата умира (1. Мојсеева 3:19; Езекиел 18:20).

Учењето дека душата е бесмртна води до прашањата: Каде оди душата откако ќе умре човекот? Што се случува со душите на злобните луѓе? Кога оние што се изјаснувале како христијани ја прифатиле заблудата дека душата не умира, морале да прифатат уште една заблуда — учењето за пекол.

Спореди ги следниве библиски стихови: Проповедник 3:19; Матеј 10:28; Дела 3:23.

ФАКТ:

Кога ќе умре, човекот повеќе не постои