Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  ноември 2009

Од заблуда во заблуда

Од заблуда во заблуда

„ПАЗЕТЕ СЕ“, им напишал апостол Павле на христијаните што живееле во втората половина на 1 век од н.е. Од што требало да се пазат? „Некој да не ве заведе со мудрување и со празна измама, која се темели на човечки преданија“ (Колошаните 2:8).

И покрај предупредувањето на Павле, веќе од средината на 2 век од н.е., некои христијани почнале да користат концепти земени од древните филозофи за да ги објаснат своите верувања. Зошто? Затоа што сакале да бидат прифатени од образованите луѓе во Римското Царство и така да придобијат повеќе преобратеници.

Јустинијан Маченик, еден од најпрочуените такви христијани, верувал дека Божјиот Гласноговорник им се покажал на грчките филозофи долго време пред да дојде на Земјата како Исус. Според Јустинијан и некои негови истомисленици, токму примесите од филозофијата и митологијата придонеле христијанството да стане општо прифатена религија.

Обликот на христијанство што го вовел Јустинијан Маченик успешно привлекувал преобратеници. Меѓутоа, прифаќањето на една заблуда водело до раѓање на други заблуди, сѐ додека не настанало она што денес е познато како христијанско учење. За да ги разоткриеш тие заблуди, спореди го она што го велат следниве дела со она што навистина го учи Библијата.