Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  август 2009

Добрата религија учи на љубов кон другите

Добрата религија учи на љубов кон другите

„КОЈ не љуби, не Го познава Бога, зашто Бог е љубов“, пишува во Библијата (1. Јованово 4:8, ДХК). Значи, добрата религија треба да учи на љубов кон другите.

Многу религии заслужуваат пофалба затоа што се грижат за болните, остарените и сиромашните. Тие ги охрабруваат своите верници да го применат советот што го дал апостол Јован: „Кој има световни блага, па кога ќе го види брата си во немаштина, та го затвори срцето свое од него — како тогаш ќе пребива во таков Божјата љубов? Чеда мои,   да не се сакаме со зборови или со јазик, туку со дела и вистина!“ (1. Јованово 3:17, 18, Превод на МПЦ).

Но, што се случува кога ќе избие војна меѓу некои држави? Дали Божјата заповед „љуби го твојот ближен како себеси“ треба да важи само кога има мир, а да не важи кога еден политичар или цар ќе реши да се бори против некоја соседна држава? (Матеј 22:39, ДХК).

Исус рекол: „По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“ (Јован 13:35, Превод на МПЦ). Додека ги разгледуваш следниве прашања, запрашај се: ‚Дали верниците од оваа религија покажуваат љубов кон секого и во секое време, и тоа не само со зборови туку и со дела?‘

ТЕМА: Војна.

ШТО УЧИ БИБЛИЈАТА:

Исус им заповедал на своите ученици: „Љубете ги непријателите свои... правете им добро на оние што ве мразат“ (Матеј 5:44, Превод на МПЦ).

Кога војниците дошле да го уапсат Исус, апостол Петар извадил оружје за да го одбрани. Меѓутоа, Исус му рекол: „Врати го мечот на своето место, зашто сите што се фаќаат за меч — од меч ќе загинат“ (Матеј 26:52Стандарден превод).

Апостол Јован напишал: „По ова се познаваат Божјите деца и ѓаволските деца: секој, кој не врши правда и не го љуби својот брат, не е од Бога. Зашто ова е веста што ја чувте од почетокот: да се љубиме еден со друг! Не како што Каин беше од лукавиот и го уби брата си“ (1. Јованово 3:10-12, ДХК).

ПРАШАЊЕ:

Дали оваа религија ги поттикнува своите верници да одат во војна?

ТЕМА: Политика.

ШТО УЧИ БИБЛИЈАТА:

Откако со свои очи виделе дека Исус може да прави чуда, некои сакале тој да биде вклучен во тамошната политика. Како реагирал Исус? „Штом разбра дека сакаат да дојдат и да Го фатат за да Го направат цар, се оддалечи Сам во гората“ (Јован 6:15, Превод на МПЦ).

Кога бил уапсен и лажно обвинет дека подбуцнува политички немири, Исус рекол: „Моето царство не е од овој свет; ако беше царството Мое од овој свет, тогаш Моите слуги би Ме бранеле, за да не им бидам предаден на Јудејците; но царството Мое сега не е овде“ (Јован 18:36, Превод на МПЦ).

Кога го молел Бог во врска со своите ученици, Исус рекол: „Јас им го предадов Твоето Слово и светот ги замрази, зашто не се од светот, како што и Јас не Сум од светот“ (Јован 17:14, ДХК).

 ПРАШАЊЕ:

Дали оваа религија го следи Исусовиот пример и не се меша во политиката, дури и ако тоа значи дека нејзините членови ќе бидат мразени од извесни политичари?

ТЕМА: Предрасуди.

ШТО УЧИ БИБЛИЈАТА:

Кога првите необрежани не-Евреи станале христијани, апостол Петар рекол: „Бог навистина не е пристрасен кон никого, туку го прифаќа секој што има страхопочит спрема Него и праведно постапува, без разлика на кој народ му припаѓа“ (Дела 10:34, 35, Радосна Вест).

Еве што им напишал Јаков на христијаните во првиот век: „Браќа мои, имајте вера во нашиот славен Господ Исус Христос и не бидете пристрасни! Зашто ако на вашиот собир дојде човек со златен прстен и со убава облека, а влезе и сиромав во валкана облека, и му укажете посебно внимание на оној во убавата облека, и му речете: ‚Ти седни тука на убаво место!‘ а на сиромавиот му речете: ‚Ти стој таму!‘ или ‚Седни долу до моите нозе‘, не правите ли разлики меѓу себе и така станувате судии со зли мисли?“ (Јаков 2:1-4Стандарден превод).

ПРАШАЊЕ:

Дали оваа религија учи дека сите луѓе се еднакви во Божји очи и дека нејзините членови не треба да ги делат луѓето според расата или финансиската состојба?

Која религија ги учи своите членови да ги надминат политичките, расните и економските бариери што ги делат луѓето?