Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  мај 2009

Бетелот во Бруклин — 100 години постоење

Бетелот во Бруклин — 100 години постоење

Бетелот на „Колумбија Хајтс“ бр. 122-124

„Хикс Стрит“ бр. 13-17 (1909-1918)

ЗА ЊУЈОРК СИТИ, 1909 година беше многу значајна. Беше пуштен мостот Квинсборо, кој ги поврзуваше општините Квинс и Менхетен, а исто така и мостот Менхетен, со кој оваа општина беше поврзана и со Бруклин.

Таа година беше значајна и за Јеховините сведоци. Претходно, Чарлз Тејз Расел, претседател на Watch Tower Bible and Tract Society, законската корпорација на Јеховините сведоци, виде можност добрата вест за Божјето Царство да почне да се проповеда во поголем обем (Матеј 24:14). Тој сметаше дека ќе се направи огромен чекор кон постигнувањето на таа цел ако седиштето на оваа непрофитна корпорација се префрли од Питсбург (Пенсилванија) во Бруклин (Њујорк). Подготовките за преселбата почнаа во 1908 год., а во почетокот на следната година беше завршено со целата преселба.

Зошто се префрли во Бруклин?

Оние што предводеа во проповедничкото дело во тоа време знаеја дека проповедите  објавени во весници беа ефикасен начин на ширење на библиската вистина. Всушност, до 1908 год., седмичните проповеди на Расел излегуваа во 11 весници, со вкупен тираж од 402.000 примероци.

Меѓутоа, Расел напиша: „Браќата што се запознати со методите на весниците... нѐ уверуваат дека, ако доаѓаат од некое [попознато место], седмичните проповеди веројатно ќе бидат објавени низ сите Соединети Американски Држави и, за една година, можеби редовно ќе ги печатат стотици весници“. Затоа, почнаа да бараат најдобра локација од каде што ќе може да се шири проповедничкото дело.

Проповедите на Расел отпечатени во весник

Зошто го избраа Бруклин? Расел рече: „Откако му се молевме на Бог за таа работа, сите заклучивме дека Бруклин (Њујорк) ќе биде најпогоден центар за извршување на жетвата, затоа што има многубројно население... и затоа што е познат како ‚Градот на црквите‘“. Резултатите ја оправдаа оваа одлука. За кратко време, проповедите на Расел излегуваа во 2.000 весници.

Њујорк беше добар избор од уште една причина. Во 1909 год., подружници беа отворени и во Велика Британија, Германија и Австралија, а кратко потоа и во многу други земји. Затоа, логично беше светското седиште да се смести во град кој има пристаниште, но и важни патни и железнички врски.

Зошто беше наречен Бетел?

„Конкорд Стрит“ бр. 18 (1922-1927)

„Адамс Стрит“ бр. 117 (од 1927 до денес)

Првобитното седиште на Watch Tower Bible and Tract Society беше основано во 1880-тите, во Алегени (сега дел од Питсбург, Пенсилванија). Во тоа време се нарекуваше Библиска куќа. Во 1896 год., таму работеа 12 души.

Но, со преселбата во Бруклин во 1909 год., новата станбена зграда на членовите  на персоналот беше наречена Бетел. * Зошто? Имотот што го купи Watch Tower Society на „Хикс Стрит“ бр. 13-17 беше сопственост на познатиот свештеник Хенри Вард Бичер, и стана познат како Бетелот на Бичер. Беше купена и претходната резиденција на Бичер, сместена на „Колумбија Хајтс“ бр. 124. Во Стражарска кула од 1 март 1909 год. пишуваше: „Сигурно изгледа многу значајно што го купивме стариот Бетел на Бичер и потоа случајно ја добивме и неговата поранешна резиденција... Новиот дом ќе го наречеме ‚Бетел‘, а новите канцеларии и салата ‚Бруклински табернакул‘. Овие имиња ќе го заменат терминот ‚Библиска куќа‘“.

Денес, проширените објекти во Бруклин и на уште две други места во државата Њујорк, имено во Волкил и во Патерсон, вклучувајќи ги и станбените згради и печатницата и канцелариите, се нарекуваат Бетел. Всушност, сега има Бетели во 113 земји во светот. Во нив служат повеќе од 19.000 доброволци што помагаат да се пренесат библиските информации.

Авенија „Миртл“ бр. 35 (1920-1922)

Срдечен дочек на посетителите

Објектите беа свечено отворени на 31 јануари 1909 год. Понеделник, 6 септември 1909 год., беше ден кога во Бетел можеа да дојдат посетители. Стотици Истражувачи на Библијата, како што тогаш беа познати Јеховините сведоци, го разгледаа објектот. Многумина од нив дојдоа директно од еден христијански конгрес што се одржа во Саратога Спрингз, околу 320 километри северно од Њујорк Сити. Чарлс Тејз Расел лично ги пречекуваше и ги поздравуваше посетителите. *

Посетителите сѐ уште се добредојдени во Бетел. Всушност, секоја година повеќе од 40.000 лица ги разгледуваат објектите во Бруклин. Бруклинскиот Бетел и понатаму игра многу важна улога во ширењето на веста за Јеховиното Царство, за благослов на безброј милиони луѓе.

Печатницата во Волкил

Образовниот центар во Патерсон

^ пас. 11 Хебрејскиот збор „Бетел“, или „Ветил“, значи „Божји дом“. Во Библијата, Ветил бил значаен израелски град. Само градот Ерусалим се спомнува почесто од него.

^ пас. 14 Повеќе историски детали можеш да најдеш во англиското издание на книгата Јеховините сведоци — објавители на Божјето Царство, страници 718-723, издадена од Јеховините сведоци.