Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула — издание за проучување  |  декември 2015

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Дали внимателно ги читаше последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

Што е крајот на овој свет?

Крај на човечките влади, на војните и на неправдите, на религиите кои ги изневериле и Бог и луѓето, и на безбожните луѓе (1/5, стр. 3-5).

Кој е Гог од Магог што се спомнува во библиската книга Езекиел?

По сѐ изгледа, изразот Гог од Магог не се однесува на Сатана туку на коалиција составена од сите народи, кои ќе се обидат да го уништат Божјиот народ откако ќе започне големата неволја (15/5, стр. 29-30).

Кои шест работи можат да му помогнат некому достоинствено да ја проживее староста?

Библијата нѐ советува да бидеме 1) скромни, 2) урамнотежени, 3) позитивни, 4) дарежливи, 5) дружељубиви и 6) благодарни. Ако размислуваме за овие особини, ќе можеме достоинствено да ја проживееме староста (1/6, стр. 8-10).

Како се гледа великодушноста на Исус во чудата што ги правел?

На една свадба во Кана, Исус претворил 380 литри вода во вино. Во друга прилика, со чудо нахранил повеќе од 5.000 луѓе (Мат. 14:14-21; Јован 2:6-11). И во двете прилики, Исус постапил великодушно како што постапува неговиот Татко (15/6, стр. 4-5).

Зошто може да бидеме уверени дека е можно да му угодиме на Бог иако сме несовршени?

Јов, Лот и Давид направиле грешки. Сепак, тие сакале да му служат на Бог, се каеле за своите грешки и биле спремни да се сменат. Овие луѓе ја стекнале Божјата милост, а можеме да ја стекнеме и ние (1/7, стр. 12-13).

Дали ќе бидат погубени сите членови на лажните религии кога ќе биде уништен Големиот Вавилон?

Очигледно не. Според Захарија 13:4-6, веројатно и некои свештеници ќе се преправаат дека не се побожни и ќе одрекуваат дека биле дел од лажните религии (15/7, стр. 15-16).

Зошто Варак се согласил да тргне во битка само ако Девора појде со него?

Варак имал силна вера. Наместо да побара од Бог да му даде повеќе оружје, тој сакал со него да појде Девора како некој што го застапува Јехова и може да ги зајакне него и неговите луѓе (Суд. 4:6-8; 5:7; 1/8, стр. 13).

За кои работи можат длабоко да размислуваат христијаните?

Некои од тие работи се Јеховините творби, неговата Реч, честа да му се молиме и откупнината (15/8, стр. 10-13).

Ако се чуваме од лошо друштво, со кого нема да започнеме врска?

Ние постапуваме љубезно со оние што не се Јеховини сведоци. Сепак, би му биле непослушни на Бог доколку започнеме врска со некој што не е крстен и не живее според Божјите мерила (1. Кор. 15:33; 15/8, стр. 25).

Зошто Петар се уплашил, но што му помогнало да си ја зајакне верата?

Апостол Петар покажал вера кога зачекорил по водата кон Исус (Мат. 14:24-32). Но, кога го видел бурниот ветар, се исплашил. Потоа повторно го насочил вниманието кон Исус и прифатил помош од него (15/9, стр. 16-17).

Според Дела 28:4, луѓето од Малта помислиле дека апостол Павле е убиец. Зошто?

Кога една змија го каснала Павле, тие можеби дошле до погрешен заклучок дека го казнила Дике, божицата на правдата (1/10, стр. 9).

Што учиме од тоа што Марта дозволила вниманието да ѝ го одвлечат помалку важни работи?

Во една прилика, Марта била преокупирана со подготовката на едно посебно јадење. Исус рекол дека сестра ѝ го избрала подобриот дел бидејќи останала да ги слуша неговите зборови. Не смееме да дозволиме неважните работи да ни го одвратат вниманието од духовните активности (15/10, стр. 18-20).