Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула — издание за проучување  |  ноември 2015

Прашања од читателите

Прашања од читателите

Какви докази има дека Израелците го освоиле древниот град Ерихон по кратка опсада?

Според Исус Навин 6:10-15, 20, израелските војници го обиколувале Ерихон по еднаш во текот на шест дена. Откако на седмиот ден го обиколиле градот седум пати, Јехова предизвикал цврстите ѕидини да се урнат. Така Израелците влегле во градот и го освоиле. Дали археолошките докази потврдуваат дека опсадата на Ерихон била кратка, како што вели Библијата?

Во древни времиња било вообичаено непријателите да ги опсадуваат утврдените градови. Ако опсадата траела долго, луѓето во градот го јаделе поголемиот дел од резервите на храна. На крајот, кога војниците ќе го освоеле градот, земале сѐ што сакале, вклучувајќи ја и храната што преостанала. Затоа археолозите не откриле речиси никаква храна во палестинските градови кои биле освоени на ваков начин. Но, во урнатините на Ерихон пронашле многу жито. Во врска со тоа, едно списание за археологија вели: „Освен голем број глинени садови, беа пронајдени и огромни количини жито... Иако понекогаш можат да се најдат еден или два сада со жито, многу е чудно да се најде толку голема количина“ (Biblical Archaeology Review).

Библијата вели дека Израелците го нападнале Ерихон на пролет, веднаш по жетвата, што значи дека таму имало големи резерви на жито (Ис. Нав. 3:15-17; 5:10). Но, тие не зеле никаква храна од овој град бидејќи Јехова им заповедал така (Ис. Нав. 6:17, 18). Тоа што останало толку многу жито во Ерихон е доказ дека оваа опсада траела кратко време, токму како што вели Библијата.