ОД 1992 год., Водечкото тело именува искусни и зрели старешини да служат во неговите одбори. Нивната цел е да им помагаат на браќата од Водечкото тело да ги вршат своите задачи. * Овие помошници, кои припаѓаат на ‚другите овци‘, им даваат голема поддршка (Јован 10:16). Тие присуствуваат на седмичните состаноци на одборот во кој се доделени. Нивната улога е да ги обезбедат сите потребни информации и да даваат предлози. Членовите на Водечкото тело ги носат конечните одлуки, а помошниците ги спроведуваат упатствата од одборот и ги извршуваат сите доверени задачи. Помошниците ги придружуваат членовите на Водечкото тело на специјалните и меѓународните конгреси. Освен тоа, понекогаш ги посетуваат подружниците како претставници на главното седиште.

Еден брат, кој служи како помошник од 1992 год., вели: „Кога се грижам за одговорностите кои ми се доверени, браќата од Водечкото тело можат повеќе да се посветат на духовните работи“. Друг брат, кој служи како помошник веќе 20 години, вели: „За мене ова е најголема можна чест“.

Водечкото тело им дава многу задолженија на помошниците, и ја цени работата што ја вршат овие лојални и трудољубиви браќа. Тие навистина заслужуваат да ги почитуваме! (Фил. 2:29).

^ пас. 2 Повеќе информации за одговорностите на шесте одбори на Водечкото тело има во рамката „Како Водечкото тело се грижи за делото на Царството“, во 12. поглавје од книгата Божјето Царство владее!