Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула — издание за проучување  |  јули 2015

Шумата Бирија во Галилеја

Дали сте знаеле?

Дали сте знаеле?

Дали древниот Израел бил обрастен со шуми како што укажува Библијата?

БИБЛИЈАТА вели дека некои делови од Ветената земја биле обрастени со шуми (Ис. Нав. 17:15, 18; 1. Цар. 10:27). Но, со оглед на тоа што денес голем дел од земјиштето во Израел е оголено, некој би можел да се посомнева дали таму воопшто некогаш имало шуми.

Голем грозд диви смокви

Во една книга што зборува за животот во Израел во библиски времиња е објаснето дека таму „во минатото имало многу повеќе шуми отколку денес“ (Life in Biblical Israel). На планинските падини главно растеле борови од видот Pinus halepensis, зимзелени дабови (Quercus calliprinos) и терпентински дрвја (Pistacia palaestina). Во Шефела, област меѓу подножјето на централниот планински венец и брегот на Средоземното Море, растеле диви египетски смокви (Ficus sycomorus), кои ги имало во изобилство.

Во една друга книга, каде што се зборува за растенијата спомнати во Библијата, пишува дека на некои места во Израел денес нема ниту едно дрво. Што довело до тоа? Книгата објаснува дека ова бил постепен процес: „Човекот постојано го уништувал растителниот свет, главно за да има повеќе обработливо земјиште и пасишта, но и да се снабди со градежни материјали и со огревни дрва“ (Plants of the Bible).