Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула — издание за проучување  |  февруари 2015

Продолжи ревносно да проповедаш

Продолжи ревносно да проповедаш

ПРОПОВЕДАЊЕТО на добрата вест е најважното дело кое се извршува на Земјата денес. И тебе, како Јеховин слуга, сигурно ти е огромна чест да ги поучуваш луѓето за Библијата. Меѓутоа, факт е дека понекогаш на пионерите и објавителите не им е лесно да останат ревносни во службата. Зошто?

Што ќе ти помогне да продолжиш ревносно да проповедаш?

Додека одат од куќа до куќа, на некои објавители им е тешко да најдат некого со кого ќе можат да разговараат бидејќи повеќето луѓе се излезени. Но, дури и кога станарите се дома, можеби не покажуваат интерес за библиската порака, па дури и грубо одбиваат да слушаат. Други објавители се плашат дека нема да стигнат да им посведочат на сите бидејќи имаат големо подрачје на кое луѓето сакаат да ја слушаат добрата вест. Освен тоа, некои членови на собранието, кои проповедаат долги години, се обесхрабрени затоа што крајот сѐ уште не дошол.

Треба ли да нѐ чуди тоа што сите Јеховини слуги се соочуваат со предизвици кои можат да им ја згаснат ревноста во службата? Не. Со оглед на тоа што живееме во свет со кој владее „Злобниот“, Сатана Ѓаволот, зарем може да очекуваме да ја објавуваме Божјата животоважна порака без никакви проблеми? (1. Јов. 5:19).

Сеедно со какви тешкотии се соочуваш додека ја објавуваш добрата вест, биди уверен дека Јехова ќе ти помогне да ги совладаш. Но, како можеш ја разгориш својата ревност за службата? Да разгледаме неколку предлози.

ПОМАГАЈ ИМ НА НОВИТЕ ОБЈАВИТЕЛИ

Секоја година, илјадници луѓе се крштаваат како Јеховини сведоци. Доколку и ти си се крстил неодамна, сигурно можеш да научиш многу од оние што проповедаат веќе со години. А ако подолго време си објавител на Царството, би можел ли да ги поучуваш новите? Тоа несомнено ќе ти причини голема радост.

Исус знаел дека на неговите ученици им била потребна обука за да можат делотворно  да проповедаат, и затоа лично ги поучил како да го прават тоа (Лука 8:1). И денес има потреба да се поучуваат новите објавители за да можат на добар начин да ја објавуваат библиската порака.

Не треба да си мислиме дека новиот објавител автоматски ќе научи како да поучува само со тоа што ќе оди во служба. Потребно е некој искусен објавител лично да го обучува така што тактично и со љубов ќе го поучи 1) како да подготви и да извежба презентација, 2) како да започне разговор со станарот или со некој минувач, 3) како да понуди литература, 4) како да прави повторни посети и 5) како да започне библиска студија. Новиот објавител може многу да научи ако го набљудува поискусниот објавител, и ако потоа се труди да ги користи истите методи на поучување (Лука 6:40). Освен тоа, ќе се чувствува посигурно бидејќи е заедно со некој што може да му помогне ако се појави потреба. Пофалбата и практичните предлози исто така можат многу да му користат на новиот објавител (Проп. 4:9, 10).

РАЗГОВАРАЈ СО СВОЈОТ СОРАБОТНИК ВО СЛУЖБАТА

И покрај тоа што даваш сѐ од себе за да зборуваш со станарите, ќе има денови кога најдобриот разговор што ќе го водиш ќе биде со твојот соработник во службата. Сети се дека Исус ги испратил своите ученици да проповедаат „двајца по двајца“ (Лука 10:1). Додека сведочеле заедно, можеле меѓусебно да се охрабрат. Кога одиме во служба со нашите соверници, и ние имаме одлична можност „заемно да се охрабриме“ со нив (Рим. 1:12).

За кои работи би можеле да зборувате? Дали некој од вас неодамна имал некое охрабрувачко искуство? Дали нашол некој духовен бисер во текот на своето семејно или лично проучување? Дали се охрабрил од нешто што го слушнал на некој состанок? Ако имаш прилика да сведочиш заедно со некого со кого не одиш многу често во служба, би можел да го прашаш како ја запознал вистината. Што го уверило дека ова навистина е Јеховина организација? Какви теократски задачи извршувал и какви интересни искуства имал во службата? Би можел и ти да му раскажеш некое искуство. Без разлика како ќе реагираат луѓето на подрачјето, Божјите слуги можат ‚да се изградуваат еден со друг‘ додека соработуваат во службата (1. Сол. 5:11).

ПОДОБРИ ГИ СВОИТЕ НАВИКИ НА ПРОУЧУВАЊЕ

За да продолжиме со ревност да сведочиме, треба да ги подобриме своите навики на лично проучување. „Верниот и разборит роб“ издава  информации на најразлични теми кои би можеле да ги проучуваме (Мат. 24:45). Да разгледаме една добра тема за лично проучување: Зошто е многу важно да проповедаме за Царството? Во придружната рамка со наслов „Зошто да продолжиме ревносно да проповедаме?“ се наведени неколку причини.

Мислите во оваа рамка можат да ти ја разгорат ревноста за службата. Во текот на личното проучување би можел да истражиш од кои други причини треба ревносно да проповедаме. Потоа размислувај за нив и за стиховите на кои се темелат. Без сомнение, тоа ќе ти помогне со уште поголем жар да им сведочиш на другите.

БИДИ СПРЕМЕН ДА ПРОБАШ НЕШТО НОВО

Јеховината организација редовно ни дава предлози за да ја подобриме нашата служба. На пример, освен од куќа до куќа, можеме да сведочиме неформално, преку писма, по телефон, на деловно подрачје, на улица или на други јавни места. Исто така, може да испланираме да проповедаме на подрачја кои поретко се обработуваат.

Дали спремно ги прифаќаш ваквите предлози? Дали си се обидел да примениш некој од нив? Многумина што го сториле тоа имале одлични резултати. Да разгледаме три примери.

Една сестра по име Ејприл одлучила да испроба еден предлог за почнување библиска студија кој бил даден во Нашата служба за Царството. Таа им понудила на три колешки да ја проучуваат Библијата. Се изненадила и многу се израдувала кога сите три се согласиле и почнале да доаѓаат на собраниските состаноци.

 Бевме поттикнати и да размислиме кои луѓе би можеле да се интересираат за конкретни статии од нашите списанија. Кога во Разбудете се! излегла статија за автомобилски гуми, еден покраински надгледник од САД им го понудил ова списание на сите шефови на продавници за гуми во една област. Освен тоа, тој и неговата жена ги понудиле статиите со наслов „Лекари — имаме ли разбирање за нив?“ во повеќе од 100 лекарски ординации во нивната покраина. Тој вели дека ова им помогнало на другите подобро да се запознаат со нашето дело и со нашата литература. Откако на овој начин воспоставиле пријателски контакт со луѓето во овие места, покраинскиот надгледник и жена му можеле да направат повеќе повторни посети.

Во писмо што го испратила до нашето главно седиште, една сестра по име Џуди изразила благодарност за статиите во кои бевме охрабрени да сведочиме по телефон. Таа напишала дека нејзината мајка, која е на возраст од 86 години и има слабо здравје, редовно учествува во овој облик на сведочење и многу се радува што проучува по телефон со една жена која има 92 години!

Предлозите во нашите публикации навистина даваат добри резултати. Затоа, применувај ги! Тоа ќе ти помогне да ја зачуваш својата радост во службата и да сведочиш со ревност.

ПОСТАВИ СИ РАЗУМНИ ЦЕЛИ

Успехот во службата не зависи од тоа колку публикации даваме, колку библиски студии водиме или на колку луѓе сме им помогнале да станат Јеховини сведоци. Зошто го велиме ова? Па, помисли на Ное. Освен на своето потесно семејство, на колку други луѓе им помогнал да станат слуги на Јехова? На ниеден. Сепак, Ное бил делотворен проповедник затоа што му останал верен на Бог. Истото важи и за нас — најважно од сѐ е верно да му служиме на Јехова (1. Кор. 4:2).

Многу објавители сфатиле дека, за да ја зачуваат својата ревност во службата, треба да си поставуваат разумни цели. Некои од нив се наведени во рамката „Постави си разумни цели“.

Моли го Јехова да ти помогне делотворно да проповедаш и да најдеш радост во службата. Кога ќе ги постигнеш своите цели, ќе бидеш задоволен затоа што ќе знаеш дека си сторил сѐ што можеш за да ја објавуваш добрата вест.

Факт е дека понекогаш не е лесно да проповедаме. Сепак, можеш да ја разгориш кај себе ревноста за службата. Води охрабрувачки разговори со својот соработник, подобри ги своите навики на проучување, применувај ги предлозите од верниот и разборит роб, и постави си разумни цели. Најважно од сѐ, секогаш имај на ум дека Бог ти ја дал најголемата можна чест — да бидеш негов Сведок и да ја објавуваш добрата вест (Иса. 43:10). Биди уверен дека ќе чувствуваш огромна радост додека и понатаму ревносно учествуваш во службата!