Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула — издание за проучување  |  декември 2014

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Дали внимателно ги читаше последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

Дали кремирањето е дозволено за христијаните?

Лична одлука е дали некој ќе биде кремиран или не. Иако Библијата не зборува отворено за оваа практика, значајно е да се спомне дека мртвите тела на цар Саул и неговиот син Јонатан најпрво биле изгорени, а потоа закопани (1. Сам. 31:2, 8-13; 15/6, страница 7).

Од каде знаеме дека Бог не ги предизвикува лошите работи?

Бог е праведен на сите свои патишта. Тој е верен и вистинољубив. Исто така, Јехова е полн со сочувство и е милосрден (5. Мој. 32:4; Пс. 145:17; Јак. 5:11; 1/7, страница 4).

Со кои предизвици може да се соочи некој што се преселил во земја каде што има поголема потреба од објавители?

Три предизвици се: 1) привикнување на нов начин на живот, 2) борба со носталгија и 3) стекнување нови пријатели. Мнозина што ги надминале овие предизвици пожнеале богати благослови (15/7, страници 4-5).

Зошто браќата на Јосиф го замразиле?

Една работа е поради тоа што Јаков му укажал голема чест на Јосиф кога му дал посебна облека. Браќата на Јосиф станале љубоморни и го продале во ропство (1/8, страници 11-13).

Зошто новите трактати се толку делотворни и лесни за користење?

Сите имаат ист стил. Во секој трактат има библиски стих кој можеме да го прочитаме, како и прашање кое можеме да го поставиме. Што и да одговори нашиот соговорник, можеме да го отвориме трактатот и да му покажеме што вели Библијата. Можеме да го поставиме и прашањето за повторна посета (15/8, страници 13-14).

Што претставува сириската Пешита?

Сирискиот јазик, кој е дијалект на арамејскиот, влегол во поширока употреба во вториот или третиот век од н.е. Изгледа дека сирискиот е првиот јазик на кој биле преведени делови од Христијанските грчки списи. Библијата на сириски станала позната како Пешита (1/9, страници 13-14).

Како можат родителите да се грижат како пастири за своите деца?

Слушајте додека вашите деца зборуваат за подобро да ги запознаете. Грижете се да бидат духовно нахранети. Пружајте им водство полно со љубов како, на пример, кога ќе им се појават некои сомнежи во врска со вистината (15/9, страници 18-21).

Кои работи нема да постојат кога Божјето Царство ќе завладее со Земјата?

Повеќе нема да има здравствени проблеми, смрт, невработеност, војни, недостиг на храна и сиромаштија (1/10, страници 6-7).

Кој сојуз запишан во Библијата овозможува и други да владеат со Христос?

Откако ја прославил последната Пасха со своите апостоли, Исус склучил сојуз со верните ученици кој може да се нарече сојуз за Царството (Лука 22:28-30). Тој сојуз им бил гаранција дека ќе владеат со Исус на небото (15/10, страници 16-17).

Наведи два примера од Библијата кои покажуваат дека Сатана е вистинска личност.

Библијата кажува дека Сатана зборувал со Исус со цел да го искуша. Исто така, во времето на Јов, Сатана зборувал со Бог. Овие извештаи покажуваат дека Сатана е вистинска личност (1/11, страници 4-5).

Кој бил ,народот за своето име‘ што го спомнал Јаков во Дела 15:14?

Тоа биле еврејските и нееврејските верници кои Бог ги одвоил како избран род за ,да ги објавуваат доблестите‘ на Оној што ги повикал (1. Пет. 2:9, 10; 15/11, страници 24-25).

Каде се наоѓал Тимгад и каков став кон животот имале некои негови жители?

Тимгад бил голем римски град во Северна Африка (денешен Алжир). Еден натпис што бил пронајден таму ни покажува во што верувале некои негови жители: „Да ловиш, да се капеш, да играш, да се смееш — тоа ти е живот!“ Ваквиот став е сличен со гледиштето спомнато во 1. Коринќаните 15:32 (1/12, страници 8-10).