Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула — издание за проучување  |  јуни 2014

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Дали внимателно ги читаше последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

Кога Израелците го колеле пасхалното јагне на 14 нисан?

Во некои библиски преводи се вели дека јагнето требало да биде заклано ‚помеѓу двете вечери‘, што значи приквечер или во квечерината — односно по заоѓањето на сонцето, но пред да настапи потполна темнина (2. Мој. 12:6, фус.; 15/12, страници 18-19).

Кои начела можат да им помогнат на младите да донесуваат мудри одлуки?

1) Барај го најнапред Царството и Божјата праведност (Мат. 6:19-34), 2) служи им на другите и ќе бидеш среќен (Дела 20:35) и 3) радосно служи му на Јехова во младоста (Проп. 12:1; 15/1, страници 19-20).

Кои четири јавачи галопираат од 1914 год.?

Исус е јавачот на белиот коњ. Тој го исчистил небото од Сатана и демоните. Јавачот на коњот со пламена боја ги претставува војните што се водат на Земјата. Јавачот на црниот коњ го претставува гладот. Јавачот на бледиот коњ предизвикува смрт преку зарази од кои што умираат милиони луѓе (Отк. 6:2-8; 1/2, страници 6-7).

Кога ќе започне „свадбата на Јагнето“? (Отк. 19:7)

„Свадбата на Јагнето“ ќе започне откако Царот, Исус Христос, ќе извојува конечна победа, односно откако ќе биде уништен Големиот Вавилон и ќе заврши војната Армагедон (15/2, страница 10).

Од кои причини Евреите во првиот век биле „во исчекување“ на Месијата? (Лука 3:15)

Не можеме со сигурност да тврдиме дека Евреите во првиот век го разбрале пророштвото на Даниел како што го разбираме ние (Дан. 9:24-27). Сепак, тие можеби слушнале за ангелите што им го објавиле раѓањето на Исус на некои овчари и за она што го кажала пророчицата Ана кога го видела бебето Исус во храмот. Освен тоа, дошле и некои познавачи на ѕвездите кои го барале ‚еврејскиот цар кој се родил‘ (Мат. 2:1, 2). Подоцна, Јован Крстител го најавил доаѓањето на Христос (15/2, страници 26-27).

Зошто треба секогаш да си стоиме на зборот? (2. Кор. 1:18)

Понекогаш се случуваат работи врз кои немаме контрола и затоа не е лесно секогаш да си стоиме на зборот. Но, ако некому му ветиме нешто, треба да дадеме сѐ од себе за да го исполниме тоа што сме го ветиле (15/3, страница 32).

Како да му одолееш на искушението да гледаш порнографија?

Во тоа можат да ти помогнат следниве работи: 1) кога ќе здогледаш некоја еротска сцена, веднаш сврти го погледот, 2) замени ги погрешните мисли со исправни мисли и моли му се на Бог и 3) биди внимателен и избегнувај филмови и интернет-страници на кои се прикажува порнографија (1/4, страници 10-12).

Какви неочекувани последици можат да се појават ако еден христијанин го остави своето семејство за да работи во друга земја?

Тоа што едниот родител ќе го остави семејството за да работи во друга земја може лошо да се одрази врз децата во емоционален и морален поглед. Таквиот родител може да им стане одбивен на децата. Освен тоа, брачните партнери кои не живеат заедно можат да се најдат во искушение да направат прељуба (15/4, страници 19-20).

Зошто на злосторниците кои биле погубувани на столб им ги кршеле нозете?

Римјаните имале обичај да ги погубуваат злосторниците на столб. Евреите побарале да им бидат скршени нозете на злосторниците кои биле приковани крај Исус. Така, жртвите потешко можеле да дишат и побрзо умирале. Поради тоа, не морало цела ноќ да висат на столбот (5. Мој. 21:22, 23; 1/5, страница 11).

Кои четири прашања треба да ги имаме на ум кога сме во служба?

Со кого разговараме? Каде разговараме? Кога е најдобро да зборуваме со луѓето? Како да им пристапиме? (15/5, страници 12-15).

Колку смртоносно е пушењето?

Минатиот век од пушење умреа 100.000.000 луѓе. Моментално, секоја година од пушење умираат околу 6.000.000 лица (1/6, страница 3).