Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула — издание за проучување  |  мај 2014

Како да му одговориме на секој човек?

Како да му одговориме на секој човек?

,Вашиот збор секогаш нека биде пријатен за да знаете секому да му одговорите како што треба‘ (КОЛ. 4:6)

1, 2. а) Раскажи едно искуство од кое се гледа зошто е важно да поставуваме промислени прашања. (Види ја сликата погоре.) б) Зошто не треба да се плашиме да зборуваме за потешки теми?

ЕДНА сестра зборувала за Библијата со својот сопруг, кој не бил Јеховин сведок. Тој припаѓал на една од црквите на христијанскиот свет. За време на разговорот, ѝ рекол дека верува во тројство. Бидејќи сфатила дека маж ѝ не го разбира учењето за тројството, сестрата тактично го прашала: „Дали веруваш дека Бог е Бог, дека Исус е Бог и дека светиот дух е Бог, а сепак дека не се три Бога туку еден?“ Изненаден, мажот рекол: „Не, не верувам во тоа!“ Потоа следел убав разговор на темата кој е вистинскиот Бог.

2 Ова искуство покажува колку е важно да поставуваме тактични и промислени прашања. Но, учиме и уште нешто: Не треба да се плашиме да зборуваме за потешки теми, како што се тројството, пеколот или за тоа дали постои Творец. Ако се потпираме на Јехова и на обуката што ја добиваме од него, ќе можеме да дадеме логичен одговор кој ќе допре до срцето на луѓето со кои разговараме (Кол. 4:6). Во оваа статија ќе видиме како можеме уште поделотворно да ја извршуваме нашата служба со тоа што 1) ќе поставуваме промислени прашања за да ги поттикнеме другите да го кажат своето  гледиште, 2) ќе им помогнеме самите да донесат заклучоци на темел на Библијата и 3) ќе користиме споредби за да ја истакнеме поентата.

ДА ПОСТАВУВМЕ ПРОМИСЛЕНИ ПРАШАЊА

3, 4. Зошто е важно да поставуваме прашања за да дознаеме во што веруваат луѓето? Наведи пример.

3 Тоа што ќе поставуваме прашања може да ни помогне да откриеме во што верува лицето со кое разговараме. Зошто е важно ова? Во Изреки 18:13 пишува: „Кој одговара пред да сослуша, тоа е за него глупост и срам“. Значи, пред да почнеме темелно да објаснуваме што вели Библијата за одредена тема, добро е да се обидеме да дознаеме во што верува оној со кого разговараме. Во спротивно, би можеле да потрошиме премногу време за да побиеме некое лажно учење во кое тој воопшто не ни верува! (1. Кор. 9:26).

4 Да речеме дека зборуваме со некој за пекол. Некои веруваат дека пеколот е дословно место каде што лошите луѓе се мачат во оган. Други веруваат дека пеколот е состојба на одвоеност од Бог. Затоа, би било добро да го прашаме лицето со кое разговараме: „Бидејќи луѓето имаат различни верувања во врска со пеколот, би сакал да Ве прашам што мислите Вие, што е пеколот?“ Откако ќе чуеме што има да каже, ќе можеме да му помогнеме да сфати што вели Библијата во врска со тоа.

5. Како можат прашањата да ни помогнат да откриеме зошто некој верува во нешто?

5 Тактичните прашања можат да ни помогнат и да дознаеме зошто некој верува во нешто. На пример, што ако некој човек ни рече дека не верува во Бог? Можеби веднаш ќе помислиме дека верува во еволуција (Пс. 10:4). Но, некои луѓе ја изгубиле својата вера во Бог затоа што виделе или доживеале неописливи страдања. Можеби мислат дека, ако постои Творец кој многу нѐ сака, не би дозволил толку да страдаме. Затоа, доколку видиме дека станарот не верува во Бог, би можеле да прашаме: „Дали отсекогаш не верувате во Бог?“ Ако лицето ни рече не, можеме да го прашаме дали нешто конкретно го навело да се сомнева во постоењето на Бог. Неговиот одговор може да ни открие кој е најдобриот начин да му помогнеме да ја дознае вистината за Јехова. (Прочитај Изреки 20:5.)

6. Што треба да правиме откако ќе поставиме прашање?

6 Откако ќе поставиме прашање, треба внимателно да го сослушаме станарот и да покажеме разбирање за неговите чувства. На пример, можеби ќе ни открие дека му се случила некаква трагедија која го навела да се посомнева дека постои Бог што нѐ сака. Но, пред да почнеме да изнесуваме докази дека Бог постои, би било убаво да покажеме дека ни е жал за тоа што му се случило и да го увериме дека воопшто не е погрешно тоа што се прашува зошто има толку многу страдања (Авак. 1:2, 3). Ако сме стрпливи и обѕирни, можеби ќе посака да дознае нешто повеќе. *

ДА ИМ ПОМАГАМЕ НА ДРУГИТЕ ДА НОСАТ ЗАКЛУЧОЦИ НА ТЕМЕЛ НА БИБЛИЈАТА

Што ќе ни помогне да бидеме делотворни во службата? (Види во пасус 7)

7. Што треба да правиме за да бидеме делотворни во службата?

7 Како можеме да ги поттикнеме луѓето да донесуваат заклучоци на темел на Божјата Реч? Така што ќе се трудиме во службата на проповедање главно да ја користиме Библијата. Таа ни помага да бидеме ‚вистински способни и потполно опремени за секое добро дело‘ (2. Тим. 3:16, 17). Но, за да бидеме делотворни  во службата, не е доволно само да им читаме библиски стихови на луѓето. Потребно е и да ги поттикнеме да размислуваат за тоа што сме го прочитале и самите да дојдат до логични заклучоци. (Прочитај Дела 17:2, 3.) Да разгледаме три примери кои ќе ни покажат како можеме да го правиме ова.

8, 9. а) Како можеме да разговараме со некој што верува дека Исус е еднаков со Бог? б) На кој начин ти си му помогнал некому да дојде до исправен заклучок на оваа тема?

8 Пример 1: Во службата разговараме со некој што верува дека Исус е еднаков со Бог. Кои стихови можеме да ги користиме? Можеме да го замолиме да прочита Јован 6:38, каде што самиот Исус рекол: „Не слегов од небото да ја вршам својата волја, туку волјата на оној што ме испрати“. Потоа, можеме да го прашаме: „Ако Исус е Бог, тогаш кој го испратил од небото? Зар тоа не би бил некој што е на повисока положба од Исус? Логично е дека оној што испраќа некого е на повисока положба од оној што е испратен“.

9 Исто така, би можеле да прочитаме Филипјаните 2:9, каде што апостол Павле објаснил што направил Бог откако Исус умрел и бил воскреснат. Таму пишува: „Бог го возвиши [Исус] и му подари име кое е над секое друго име“. За да му помогнеме на лицето да го разбере стихот, можеме да го прашаме: „Ако Исус бил еднаков со Бог пред да умре, а од Библијата дознаваме дека по неговата смрт Бог го возвишил на повисока положба, зарем тоа не би значело дека Исус е поголем од Бог? Ама, како е можно некој да биде поголем од Бог?“ Доколку човекот со кого зборуваме ја почитува Божјата Реч и има искрено срце, ќе биде поттикнат да дознае нешто повеќе (Дела 17:11).

10. а) Како можеме да разговараме со некој што верува во пекол? б) На кој начин ти си му помогнал некому да дојде до исправен заклучок за пеколот?

10 Пример 2: Разговараме со некој што е побожен и што верува дека лошите луѓе вечно ќе бидат мачени во пекол. Станарот можеби верува во пекол затоа што сака злобните луѓе да бидат казнети за лошите работи што ги прават. Како можеме да му помогнеме? Најпрво, добро е да го увериме дека Бог ќе ги казни злобните луѓе (2. Сол. 1:9). Потоа, може да го замолиме да прочита 1. Мојсеева 2:16, 17, каде што пишува дека казната за гревот е смрт. Добро е да нагласиме дека во овие стихови не пишува дека Бог ги казнува злобните во пекол. Тогаш, можеме да го прашаме: „Ако постоела опасност Адам и Ева да бидат вечно мачени, зар не би било фер Бог однапред  да ги предупреди?“ Потоа, можеме да прочитаме и 1. Мојсеева 3:19. Во тој стих Бог му рекол на Адам дека, ако направи грев, ќе биде казнет со тоа што ќе се врати во прав, а не со тоа што ќе биде мачен во пекол. Би било добро да го прашаме: „Зар не би било неправедно Бог да му рече на Адам дека ќе се врати во земниот прав од кој бил создаден, а наместо тоа да го прати во пекол?“ Ако човекот е искрен, ова може да го поттикне да размисли подлабоко.

11. а) Како можеме да разговараме со некој што верува дека сите добри луѓе одат на небото? б) На кој начин ти си му помогнал некому да дојде до исправен заклучок на оваа тема?

11 Пример 3: Во службата разговараме со некој што верува дека сите добри луѓе одат на небото. Ваквото верување можеби ќе влијае на тоа како лицето ја толкува Библијата. На пример, да речеме дека сме му ги прочитале зборовите од Откровение 21:4. (Прочитај.) Човекот можеби ќе мисли дека благословите што се спомнуваат во овој стих се однесуваат на животот на небото. Како да му помогнеме да дојде до исправен заклучок? Наместо да читаме други стихови, би можеле да истакнеме некои детали од истиот стих. Во стихот пишува дека „смрт нема да има веќе“. Би можеле да го прашаме дали се согласува со тоа дека, ако некоја работа веќе ја нема, мора пред тоа да постоела. Ако се согласи, можеме да му кажеме дека на небото никогаш немало смрт, туку само овде на Земјата. Затоа е логично да заклучиме дека зборовите од Откровение 21:4 се однесуваат на благословите што луѓето ќе ги доживеат во иднина на Земјата (Пс. 37:29).

ДА КОРИСТИМЕ СПОРЕДБИ ЗА ДА ЈА ИСТАКНЕМЕ ПОЕНТАТА

12. Зошто Исус користел споредби?

12 Освен прашања, Исус во службата користел и споредби. (Прочитај Матеј 13:34, 35.) Неговите споредби ги откривале мотивите на луѓето (Мат. 13:10-15). Поради таквиот начин на поучување, луѓето сакале да го слушаат и лесно можеле да го запомнат тоа што им го кажувал. Како можеме и ние да користиме споредби кога поучуваме некого?

13. Која споредба можеме да ја користиме за да покажеме дека Бог е поголем од Исус?

13 Најдобро е да користиме едноставни споредби. На пример, кога сакаме да објасниме дека Бог е на повисока положба од Исус, би можеле да ја кажеме следнава споредба. И Бог и Исус го опишале својот однос користејќи роднинска врска. Бог го нарекол Исус свој Син, а Исус го нарекол Бог свој Татко (Лука 3:21, 22; Јован 14:28). Потоа, можеме да го прашаме станарот: „Ако сакате да ми кажете дека две лица се еднакви, која роднинска врска би ја употребиле?“ Тој можеби ќе каже — двајца браќа, па дури и близнаци. Тогаш, може да речеме дека тоа е соодветна споредба. Потоа, можеме да прашаме: „Ако нам ни беше толку лесно да ја наведеме оваа споредба за да опишеме дека две лица се еднакви, зар немало Исус, кој бил познат како Големиот Учител, да се сети на истата споредба? Наместо тоа, тој рекол дека Бог е негов Татко. Со тоа, Исус покажал дека Бог е постар и дека има поголема власт“.

14. Со која споредба можеме да покажеме дека не е логично Бог да му даде задача на Ѓаволот да ги мачи злобните во пекол?

14 Размисли за следниов пример. Некои веруваат дека Бог му дал задача на Ѓаволот да ги мачи злобните луѓе во пекол. Како можеме да му помогнеме на еден човек што има деца да сфати колку нелогично е ова? Би можеле да го прашаме: „Што би направиле ако Вашето дете стане многу непослушно и почне да прави лоши работи?“ Најверојатно човекот ќе рече дека ќе го искара и ќе  стори сѐ за да му помогне да се поправи (Изр. 22:15). Тогаш, можеме да го прашаме што ќе направи ако детето упорно одбива да го послуша. Многу родители ќе речат дека во тој случај ќе мора да го казнат своето дете. Потоа, можеме да го прашаме: „Како би се чувствувале ако дознаете дека некој злобен човек го навел Вашето дете да прави лоши работи?“ Сигурно дека еден родител би му бил лут на тој човек. За да ја истакнеме поентата, би можеле да прашаме: „Ако знаете дека еден зол човек извршил лошо влијание врз Вашето дете, дали би го замолиле истиот тој човек да Ви го казни детето?“ Се разбира дека одговорот ќе биде не. Според тоа, логично е дека Бог не би му дал задача на Ѓаволот — оној што врши влијание врз злобните луѓе — да ги казнува истите тие луѓе.

ДА БИДЕМЕ УРАМНОТЕЖЕНИ

15, 16. а) Зошто не треба да очекуваме сите луѓе да ја прифатат пораката за Царството? б) Дали треба да имаме посебни вештини за да бидеме делотворни во службата? Објасни. (Види ја и рамката „ Рубрика што ни помага да дадеме одговор“.)

15 Јасно ни е дека, дури и да поставуваме промислени прашања, да им помагаме на луѓето да дојдат до исправни заклучоци и да користиме едноставни споредби, нема сите да ја прифатат пораката за Царството (Мат. 10:11-14). На крајот на краиштата, само мал број луѓе ги прифатиле учењата на Исус, иако тој бил најголемиот Учител кој некогаш живеел на Земјата! (Јован 6:66; 7:45-48).

16 Од друга страна, дури и ако сметаме дека не умееме вешто да поучуваме, сепак можеме да бидеме делотворни во службата на проповедање. (Прочитај Дела 4:13.) Божјата Реч нѐ уверува дека ‚сите кои исправно гледаат на вечниот живот‘ ќе ја прифатат добрата вест (Дела 13:48). Затоа, да бидеме урамнотежени. Важно е да се трудиме да станеме подобри учители. Но, не треба да се обесхрабриме доколку оние на кои им сведочиме не ја прифатат добрата вест. Ако се потпираме на Јехова и на обуката која ни ја дава, ќе станеме повешти во службата, а тоа ќе ни користи и нам и на оние што нѐ слушаат (1. Тим. 4:16). Јехова може да нѐ научи како да му одговориме на секој човек. Во следната статија ќе видиме како Златното правило ни помага успешно да ја вршиме нашата служба.

^ пас. 6 Види ја статијата „Можно ли е да се стекне вера во Творец?“ која излезе во Стражарска кула од 1 октомври 2009.