Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

СТРАЖАРСКА КУЛА — ИЗДАНИЕ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ февруари 2014

Во овој број ќе разгледаме некои интересни настани од Псалм 45. Освен тоа, ќе видиме како може уште повеќе да го цениме Јехова затоа што се грижи за нас, нѐ штити и е наш најдобар Пријател.

Славете го Христос, величествениот Цар!

Какво значење имаат за нас денес настаните опишани во Псалм 45?

Радувајте се поради свадбата на Јагнето!

Која е невестата на Јагнето, и како Христос ја подготвил за свадбата? Кој ќе се радува поради свадбата?

Вдовицата од Сарепта била благословена поради својата вера

Воскресението на синот на вдовицата било еден од најважните настани во нејзиниот живот кој многу ѝ ја зајакнал верата. Што можеме да научиме од нејзиниот пример?

Јехова — Татко кој се грижи за нас и нѐ штити

Покажи благодарност кон нашиот небесен Татко Јехова. Дознај како можеш да го продлабочиш својот однос со Бог, кој се грижи за оние што го сакаат и ги штити.

Јехова — нашиот најдобар Пријател

Разгледај ги примерите на Авраам и Гедеон, кои му биле блиски пријатели на Јехова Бог. Кои барања треба да ги исполниме за да бидеме пријатели со Јехова?

Прашања од читателите

Од кои причини Евреите во првиот век биле „во исчекување“ на Месијата?

,Гледај колку е добар Јехова‘

Израелскиот цар Давид го ценел Божјето светилиште. Како можеме ние денес да покажеме дека го цениме духовниот храм?

Сто години од „Фотодрамата“

Оваа година се одбележува 100-годишнината од премиерата на „Фотодрамата за создавањето“. Целта на овој филм била да им ја зајакне верата на луѓето дека Библијата е Божја Реч.