Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула — издание за проучување  |  јануари 2014

Што решив додека уште бев дете

Што решив додека уште бев дете

Кога бев дете

Во 1985 год., кога имав само десет години, во моето училиште во Колумбус (Охајо, САД) дојдоа деца од Камбоџа. Едно од нив знаеше неколку зборови на англиски. Со помош на цртежи, ми раскажа со какви ужасни работи се соочувале луѓето во Камбоџа. Ми објасни дека многумина биле малтретирани, убивани и дека некои се обидувале да побегнат за да се спасат. Многупати плачев ноќе кога ќе помислев на овие дечиња. Сакав да им кажувам за рајот и за воскресението, но тие немаше да ме разберат. Иако бев многу мал, одлучив да научам камбоџански за да можам да им зборувам за Јехова. Тогаш не можев ни да си замислам колку силно влијание ќе има таа одлука врз мојот живот.

Не ми беше лесно да научам камбоџански. Двапати решив да се откажам но, преку родителите, Јехова ме охрабри да не го сторам тоа. Подоцна, професорите и соучениците ме поттикнуваа да стекнам образование со кое ќе можам да најдам добро платена работа. Но, јас сакав да бидам пионер и, за да ја постигнам таа цел, во средно училиште избрав смер со кој ќе можев да најдам работа со скратено работно време. По часовите, обично одев во служба со некои од пионерите во собранието. Исто така, бесплатно им помагав на некои од учениците да научат англиски. Оваа одлука многу ми помогна подоцна во животот.

Кога имав 16 години, дознав дека има група на камбоџански јазик во Лонг Бич, (Калифорнија, САД). Ја посетив таа група и научив да читам на камбоџански. Веднаш штом го завршив средното училиште, станав пионер, и продолжив да им проповедам на Камбоџанците кои живееја во моја близина. Кога имав 18 години, веќе размислував да се преселам во Камбоџа. Во таа земја сѐ уште беше многу опасно, но знаев дека таму има десет милиони луѓе од кои повеќето никогаш немаа слушнато за добрата вест. Во тоа време, во Камбоџа имаше само едно собрание од 13 објавители. За првпат отидов во таа земја кога имав 19 години. Две години подоцна, одлучив да се преселам таму. За да се издржувам, најдов работа со скратено работно време. Работев како преведувач и учител по англиски. По некое време, стапив во брак со една сохристијанка со која имавме исти цели во животот. Оттогаш им помогнавме на многу Камбоџанци да станат Јеховини сведоци.

Јехова ги исполни желбите на моето срце (Пс. 37:4). Проповедањето е најубавото нешто што некој може да го прави. Во изминативе 16 години откако живеам во Камбоџа, малото собрание од 13 објавители порасна на 12 собранија и 4 групи! (Раскажал Џејсон Блеквел.)