Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула — издание за проучување  |  ноември 2016

„Работата е голема“

„Работата е голема“

ЦАР Давид ги собрал на еден важен состанок во Ерусалим сите свои кнезови, дворјани и храбри луѓе за да им даде едно посебно известување. Јехова му дал задача на неговиот син да изгради едно величествено здание. Тој храм ќе му бил посветен на вистинскиот Бог. Под вдахновение, царот го добил планот за изградба и му го дал на својот наследник Соломон. Давид рекол: „Работата е голема, зашто тој дворец не е за човек, туку за Јехова Бог“ (1. Лет. 28:1, 2, 6, 11, 12; 29:1).

Потоа Давид прашал: „Сака ли... некој денес доброволно да му приложи со својата рака дар на Јехова?“ (1. Лет. 29:5). Да си бил таму, како ќе си реагирал? Дали ќе си бил поттикнат да го поддржиш тој голем потфат? Израелците го сториле токму тоа. Библијата вели: „Народот се радуваше што приложуваа доброволно, зашто му приложуваа на Јехова доброволно со цело срце“ (1. Лет. 29:9).

Со векови подоцна, Јехова го поставил темелот на едно далеку повеличествено здание — големиот духовен храм, кој го претставува сето она што тој го подготвил за да ги помири луѓето со себе преку жртвата на Исус Христос и за да му служат на прифатлив начин (Евр. 9:11, 12). Како Јехова им помага на луѓето да се помират со него денес? Преку нашето проповедање и поучување (Мат. 28:19, 20). Секоја година, ние ја проучуваме Библијата со милиони луѓе, илјадници се крштаваат и се основаат стотици нови собранија.

Поради ваквиот пораст, има потреба да се печатат уште повеќе библиски публикации, и да се градат и одржуваат сали за состаноци и конгресни сали. Проповедањето на добрата вест навистина е извонредно дело кое ни носи големи благослови! (Мат. 24:14).

Љубовта кон Бог и кон ближниот, како и итноста со која треба да се врши проповедничкото дело, ги поттикнува Божјите слуги спремно да му приложат „со својата рака дар на Јехова“, односно да даваат доброволни прилози. Многу се радуваме кога му искажуваме „чест на Јехова со својот имот“ и кога гледаме како таквите прилози се користат верно и разборито за да се изврши најголемото дело во човечката историја! (Изр. 3:9).