Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула — издание за проучување  |  јуни 2017

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Дали внимателно ги читаше последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

Каков став треба да имаат именуваните браќа (покраинските надгледници, старешините итн.) кога добиваат упатства од Божјата организација?

Треба да бидат послушни и веднаш да ги применат. Може да се прашаат: Дали духовно ги изградувам моите соверници? Дали веднаш ги прифаќам и ги применувам упатствата од Божјата организација? (w16.11, стр. 11).

Кога вистинските христијани се нашле во ропство на Големиот Вавилон?

Набрзо по смртта на апостолите. Во тоа време почнала да се формира свештеничка класа. Свештенството и властите го поддржувале отпадничкото христијанство и се обидувале да го задушат гласот на вистинските христијани кои биле како пченицата за која зборувал Исус. Но неколку децении пред 1914 год., помазаниците почнале да се ослободуваат (w16.11, стр. 23-25).

Зошто било важно делото на Лефевр д’Етапл?

Во 1520-тите години, Лефевр ја превел Библијата на француски за да му биде достапна на обичниот народ. Неговите објаснувања на библиските стихови извршиле влијание врз Мартин Лутер, Вилијам Тиндејл и Жан Калвин (wp16.6, стр. 10-12).

Која е разликата меѓу оние што размислуваат за она што е „својствено за телото“ и оние што размислуваат за она што е „својствено за духот“? (Рим. 8:6)

Првите се преокупирани со желбите и склоностите на несовршеното тело, ги величаат телесните работи и постојано зборуваат за нив. Вторите се трудат да размислуваат како Бог и тој им е на прво место во животот; овие христијани дозволуваат да ги води светиот дух. „Размислувањето својствено за телото донесува смрт, а размислувањето својствено за духот донесува живот и мир“ (w16.12, стр. 15-17).

Како можеме да ја ублажиме загриженоста?

Процени што е најважно, биди разумен, секојдневно одвојувај време за одмор, размислувај со ценење за Божјите творби, задржи смисла за хумор, вежбај редовно и спиј доволно (w16.12, стр. 22-23).

„Енох беше пренесен за да не види смрт“ (Евр. 11:5). Како?

Најверојатно, Јехова го пренел Енох од живот во смрт без да биде свесен дека умира (wp17.1, стр. 12-13).

Зошто скромноста сѐ уште е важна?

Скромната личност има реално гледиште за себеси и е свесна за своите ограничувања. Треба да бидеме свесни за тоа како нашето однесување може да влијае на другите и да не си придаваме преголема важност (w17.01, стр. 18).

Што докажува дека Бог го водел водечкото тело во првиот век, како што го води и денес?

Ги разбрале вистините од писмата со помошта од светиот дух. Со помошта од ангелите го надгледувале делото на проповедање. Се потпирале на Божјата Реч кога давале водство на собранијата. Истото важи и денес (w17.02, стр. 26-28).

Што ќе нѐ поттикне да гледаме на откупнината како на нешто скапоцено?

Треба длабоко да размислуваме кој ја дал, зошто ја дал, што жртвувал и која потреба била задоволена (wp17.2, стр. 4-6).

Откако ќе донесе одлука, дали еден христијанин може да ја промени?

Треба да си стоиме на зборот. Сепак, понекогаш можеби ќе треба да размислиме за некоја одлука што сме ја донеле и да ја смениме. Кога видел дека Ниневијците се покајале, Јехова ја сменил својата одлука. Понекогаш, можеби и ние ќе треба да смениме некоја одлука поради нови околности или на темел на повеќе информации (w17.03, стр. 16-17).

Зошто е опасно да оговараме?

Ако имаме проблем со некого, оговарањето може само да ги влоши работите и ситуацијата да излезе од контрола. Да имаме на ум дека, сеедно дали сме во право или не, тоа што ќе зборуваме негативно за другите нема да ги подобри работите (w17.04, стр. 21).