Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула — издание за проучување  |  јуни 2017

Не гледај на надворешниот изглед

Не гледај на надворешниот изглед

ДОН, Јеховин сведок од Канада, вложува посебни напори да зборува со луѓето што живеат на улица. Во врска со еден од нив, Дон раскажува: „Питер беше највалканиот бездомник што некогаш сум го сретнал низ тесните сокаци. Беше дрзок човек и луѓето бегаа од него поради неговото однесување. Постојано одбиваше било каква помош“. И покрај тоа, Дон бил стрплив и продолжил одвреме-навреме да го посетува овој човек повеќе од 14 години.

Еден ден Питер го прашал Дон: „Зошто се мачиш со мене? Другите си се тргаат настрана. Зошто тебе ти е грижа?“ Дон бил тактичен и му прочитал три стихови од Библијата за да допре до неговото срце. Прво, го прашал Питер дали знае дека Бог има име и го замолил од Библијата да го прочита Псалм 83:18. Потоа, за да му покаже зошто се грижи, Дон му рекол на Питер да прочита во Римјаните 10:13, 14, каде што пишува дека „секој што го повикува името на Јехова, ќе биде спасен“. И на крај, Дон го прочитал стихот од Матеј 9:36 и му дал на Питер уште еднаш самиот да си го прочита. Таму пишува: „А штом ги виде мноштвата, [Исус] се сожали на нив бидејќи беа измачени и расеани како овци без пастир“. Питер со солзи во очите го прашал Дон: „И јас ли сум една од овие овци?“

Питер почнал да се менува. Се искапил, си ја поткастрил брадата и облекол чисти алишта што Дон му ги дал. Тој продолжил да обрнува внимание на хигиената и изгледот.

Питер си водел дневник. Отпрвин, белешките во дневникот биле мрачни и депресивни. Но, тоа почнало да се менува. Во една негова понова белешка напишал: „Денес го дознав Божјето име. Сега му се молам на Јехова. Прекрасно е да го знаеш името на Бог. Дон ми кажа дека Јехова  може да ми биде пријател. Дека секогаш има време да ме сослуша, без разлика кога или за што“.

Последните белешки на Питер биле за брат му и сестра му. Тој напишал:

„Денес не ми е добро. Годините веќе ме притиснаа. Ама дури и ако овој ден ми е последен, знам дека повторно ќе го видам мојот пријател [Дон] во рајот на Земјата. Ако ги читате овие зборови тоа значи дека ме нема. Ако на мојот погреб видите човек што се издвојува од другите по својот изглед, зборувајте со него. И ве молам прочитајте ја оваа мала сина книга. * Таму пишува дека повторно ќе се видам со мојот пријател во рајот на Земјата. Верувам во ова со сето срце. Вашиот брат, Питер“.

После погребот, Уми, сестра му на Питер, рекла: „Пред две години Питер ме побара. Првпат по толку години изгледаше среќен. Дури и се насмевна“. Таа му кажала на Дон: „Ќе ја прочитам оваа книга. Штом го допрела брат ми, мора да е нешто посебно“. Уми се согласила и да проучува со Јеховините сведоци на темел на поновата книга Што навистина учи Библијата?

Дали и ти се трудиш да гледаш зад надворешниот изглед на луѓето? Дали покажуваш дека вистински ги сакаш? Дали си стрплив со најразлични луѓе? (1. Тим. 2:3, 4). Ако да, можеш да им помогнеш на луѓе како Питер кои може да се одбивни на прв поглед, но имаат добро срце. Можеме да бидеме сигурни дека Бог, кој „го гледа она што е во срцето“, ќе ги поттикне срцата на искрените да ја запознаат вистината (1. Сам. 16:7; Јован 6:44).

^ пас. 7 Станува збор за книгата Вистина која води до вечен живот, што Питер ја добил со години пред тоа. Издадена од Јеховините сведоци, но веќе не се печати.