Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула — издание за проучување  |  јуни 2017

„Благословена да биде твојата разумност“

„Благословена да биде твојата разумност“

ВАКА Давид од древниот Израел пофалил една жена по име Авигеја. Зошто ја пофалил, и што може да научиме од неа?

Давид ја сретнал Авигеја додека се криел од цар Саул. Таа била омажена за Навал, богат човек кој ги пасел своите големи стада во планинските предели во јужниот дел на Јуда. Давид и неговите луѓе биле „како ѕид“ околу пастирите и стадата на Навал. Подоцна Давид испратил луѓе кај Навал за да побара храна (1. Сам. 25:8, 15, 16). Ова барање било сосема разумно ако се земе предвид колку Давид и неговите луѓе направиле за Навал.

Но Навал, постапил во склад со своето име, кое значи „безумен“ и „глупав“. Бил груб кон Давид, го навредил и не го исполнил неговото барање. Затоа, Давид сакал да го казни поради неговата неразумност и дрскост. Според Давид, Навал и неговиот дом требало да платат за оваа глупост (1. Сам. 25:2-13, 21, 22).

Авигеја сфатила колку сериозни ќе бидат последиците од оваа брзоплета одлука и храбро презела нешто за да го спречи тоа. Таа со почит го поттикнала Давид да размисли како оваа постапка ќе влијае врз неговиот однос со Јехова. Освен тоа, на овој иден цар и на неговите луѓе им дала изобилство храна. Давид сфатил дека Јехова ја употребил оваа жена за да го спречи да му згреши на Бог и ја пофалил со зборовите: „Благословена да биде твојата разумност и благословена да бидеш ти, која ме задржа денес да не бидам виновен за крв“ (1. Сам. 25:18, 19, 23-35).

Никогаш не би сакале да бидеме како Навал и да не го цениме доброто што другите го прават за нас. Освен тоа, ако гледаш дека некоја ситуација оди во лош правец, веднаш преземи нешто. Сакаме да бидеме како псалмистот кој му се обратил на Јехова со зборовите: „Научи ме на разумност... и дај ми знаење“ (Пс. 119:66).

Другите можеби ќе забележат дека нашите постапки се мудри и разумни. Дури и да не го кажат тоа со зборови, можеби ќе помислат на зборовите на Давид: „Благословена да биде твојата разумност“.