Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула — издание за проучување  |  јануари 2017

Дали сте знаеле?

Дали сте знаеле?

Како луѓето во минатото „пренесувале“ оган?

ВО ЕДНА прилика, Бог му рекол на Авраам да отиде на едно место далеку од неговиот дом за да принесе жртва. Во 1. Мојсеева 22:6 пишува: „Авраам ги зеде дрвата за жртвата паленица и му ги натовари на својот син Исак, а в раце ги зеде огнот и ножот, па двајцата тргнаа заедно“.

Библијата не објаснува како луѓето во минатото палеле оган. Со оглед на тоа, дали Авраам и Исак запалиле оган пред да тргнат и потоа го носеле цело време со себе? Еден библиски изучувач рекол дека огнот веројатно не би можел „да не изгасне во текот на тоа долго патување“. Наместо тоа, можеби Авраам и неговиот син зеле сѐ што им треба за да запалат оган.

Но, други изучувачи сметаат дека во тоа време воопшто не било лесно да се запали оган. Затоа, секогаш кога било можно, луѓето потпалувале оган така што земале жар од веќе запален оган, можеби од соседите. Многу изучувачи сметаат дека, пред да тргне на пат, Авраам го направил токму тоа. Можеби го ставил жарот во некој сад, кој веројатно висел на синџир, и го носел со себе по патот (Иса. 30:14). Потоа, можел да ги употреби вжештените жарчиња за да запали оган со суви дрвца.