Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  Бр. 6, 2017

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | КОЈ Е НАЈДОБРИОТ ПОДАРОК?

„Најубавиот подарок!“

„Најубавиот подарок!“

Ова го рекло едно 13-годишно девојче кога добило кученце како подарок. Една жена, која е успешен бизнисмен, рекла дека тоа што татко ѝ ѝ подарил компјутер кога била во средно училиште ѝ го сменило животот. А еден маж кој неодамна стапил во брак рекол дека најдобриот подарок што некогаш го добил била рачно изработената картичка од неговата сопруга која му ја дала за првата годишнина.

Луѓето честопати вложуваат многу време и труд за да изберат убав подарок за своите пријатели и роднини, особено за некоја посебна прилика. Сигурно сакаат подарокот да му се допадне на оној кому планираат да му го дадат. Дали ти би сакал да добиваш и да даваш убави подароци?

Кога некому ќе му подариме нешто, тој се чувствува убаво. Но, тогаш и самите ние се чувствуваме убаво. Библијата вели: „Повеќе усреќува давањето отколку примањето“ (Дела 20:35). А ако на другиот му се допадне подарокот, тогаш сме уште посреќни.

Што можеш да направиш за давањето подароци да ти носи радост и тебе и на другиот? Дури и ако не си во можност да го подариш она што сметаш дека е најдобро, како да одбереш подарок кој ќе има вистинска вредност?