Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  Бр. 6, 2016

Што вели Библијата?

Што вели Библијата?

Дали Бог ги слуша сите молитви?

ШТО МИСЛИШ, ДАЛИ ТОЈ ГИ СЛУША МОЛИТВИТЕ...

  • на сите луѓе?

  • на некои луѓе?

  • Не ги слуша.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

„Јехова е близу до сите... што го повикуваат во вистина“ (Псалм 145:18).

ШТО ДРУГО УЧИМЕ ОД БИБЛИЈАТА

  • Бог не ги слуша молитвите на оние што намерно му се противат (Исаија 1:15). Сепак, доколку се променат, тие можат да станат блиски со него (Исаија 1:18).

  • За Бог да одговори на некоја молитва, таа мора да биде во склад со неговите барања запишани во Библијата (1. Јованово 5:14).

Дали мора секогаш да се молиме во иста положба?

НЕКОИ ЛУЃЕ ВЕРУВААТ дека секогаш кога се молат треба да клечат на колена, да ја наведнат главата или да ги склопат рацете. Што мислиш ти?

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Некои луѓе се молеле седнати, други додека стоеле, трети легнати, а некои се молеле на колена. Бог ги слушнал нивните молитви (1. Летописи 17:16; 2. Летописи 30:27; Езра 10:1; Дела 9:40). Тој не очекува да бидеме во некоја посебна положба кога му се молиме.

ШТО ДРУГО УЧИМЕ ОД БИБЛИЈАТА

 

Нешто повеќе

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Зближи се со Бог преку молитва

Дали Бог слуша кога му се молиш? За да го дознаеш одговорот на ова прашање, треба да знаеш што кажува Библијата за молитвата.

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Дали Бог ќе ги чуе моите молитви за помош?

Дали Бог навистина е заинтересиран за нашите проблеми?