Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  Бр. 6, 2016

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | КОЈ ЖИВЕЕ НА НЕБОТО?

Прашања во врска со оние што живеат на небото

Прашања во врска со оние што живеат на небото

Си се прашал ли некогаш како изгледа духовното подрачје на небото и кој живее во него? Ако да, тогаш не си единствениот. Во текот на неколку илјади години, луѓето изнесувале најразлични мислења на оваа тема. Некои веруваат дека во духовното подрачје живеат нашите предци на кои треба да им укажуваме чест. Други си го претставуваат како место исполнето со блажено спокојство во кое живеат ангели и добри луѓе што умреле. А трети сметаат дека во духовното подрачје живеат стотици милиони божества.

Многу луѓе тврдат дека не можеме да знаеме ништо за животот на небото бидејќи никој не се вратил од таму за да ни каже како е. Но, тоа не е точно. Пред да дојде на Земјата, Исус Христос постоел на небото, во духовното подрачје. На верските водачи од првиот век, тој јасно им кажал: „Не слегов од небото да ја вршам својата волја, туку волјата на оној што ме испрати“. Затоа, Исус можел од лично искуство да им каже на апостолите: „Во куќата на мојот Татко има многу живеалишта“ (Јован 6:38; 14:2).

Се разбира, Таткото на Исус е Бог, чие име е Јехова, и неговата „куќа“ е на небото (Псалм 83:18). Според тоа, никој не може да го опише невидливиот свет подобро од Јехова Бог и Исус Христос. Тие ни откриле многу работи за духовниот свет преку впечатливи виденија кои им ги дале на некои верни луѓе.

Следната статија зборува за делови од Библијата во кои е опишано што виделе некои луѓе во видение. Додека читаш за тие виденија, имај на ум дека духовното подрачје не е од материјална природа — она што се наоѓа во него не можеме ниту да го допреме ниту да го видиме. Затоа, Бог не одлучил да ни ги објасни работите со небесни изрази, кои ние не би можеле да ги разбереме, туку сликовито ни го прикажал духовниот свет користејќи виденија и изрази што се разбирливи за нас. Овие виденија можат да ти помогнат да сфатиш кој живее во многуте живеалишта што ги спомнал Исус.