Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  Бр. 5, 2017

Дали сте знаеле?

Дали сте знаеле?

Дали споредбата на Исус за „кученцата“ била навредлива?

Девојче со кученце, грчка или римска статуетка (меѓу првиот век пр.н.е. и вториот век од н.е.)

Во една прилика, додека Исус бил надвор од Израел во римската провинција Сирија, му пристапила една Гркинка за да побара помош од него. Во својот одговор, Исус употребил една споредба во која луѓето што не биле Евреи ги споредил со „кученца“. Според Мојсеевиот закон, кучињата биле нечисти животни (3. Мојсеева 11:27). Според тоа, дали со таа споредба Исус сакал да ја навреди жената или другите луѓе што не биле Евреи?

Не. Како што им објаснил на своите ученици, Исус сакал да каже дека во тој момент неговата главна задача била да им помогне на Евреите. Таа мисла ѝ ја кажал на Гркинката со следнава споредба: „Не е исправно да им се земе лебот на децата и да им се фрли на кученцата“ (Матеј 15:21-26; Марко 7:26). Кај Грците и Римјаните, кучето било едно од омилените домашни миленичиња и честопати живеело во куќата на сопственикот и си играло со децата. Според тоа, изразот „кученца“ веројатно ѝ побудил убави чувства на оваа жена. Таа се надоврзала на зборовите на Исус и рекла: „Да, Господару, но кученцата сепак јадат од трошките што паѓаат од масата на нивните господари“. Исус ја пофалил за нејзината силна вера и ѝ ја излекувал ќерката (Матеј 15:27, 28).

Дали апостол Павле дал добар совет кога предложил да се одложи пловидбата?

Резба на која е прикажан голем товарен брод (првиот век од н.е.)

Бродот со кој апостол Павле пловел кон Италија го зафатиле силни ветришта. Додека биле укотвени на едно место, Павле предложил да се одложи останатиот дел од патувањето (Дела 27:9-12). Дали тоа било добар совет?

Морнарите во старо време добро знаеле дека во текот на зимските месеци било многу опасно да се плови по Средоземното Море. Се сметало дека периодот меѓу средината на ноември и средината на март не е погоден за пловидба. Меѓутоа, пловидбата што ја спомнал апостол Павле требало да биде во септември или октомври. Римскиот писател Вегетиј (четвртиот век од н.е.) го опишал пловењето по тоа море со следниве зборови: „Некои месеци се погодни за пловидба, некои се ризични, а некои невозможни“ (Epitome of Military Science). Според Вегетиј, пловењето било безбедно од 27 мај до 14 септември, а ризичните периоди биле од 15 септември до 11 ноември и од 11 март до 26 мај. Како искусен патник, Павле без сомнение ги знаел тие факти. Иако за тоа најверојатно биле свесни и кормиларот и сопственикот на бродот, тие не го послушале советот на Павле. На крај, нивното патување завршило со бродолом (Дела 27:13-44).

Нешто повеќе

ИСУС — ПАТОТ, ВИСТИНАТА И ЖИВОТОТ

Излекувал девојче и глув човек

Зошто една жена не се навредила кога Исус го споредил нејзиниот народ со кученца?