Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  Бр. 5, 2017

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ ПОСТОЈАТ АНГЕЛИ?

Дали ангелите влијаат врз нас?

Дали ангелите влијаат врз нас?

Едно неделно попладне, Кенет и Филомена, кои живеат во Курасао, отишле да посетат еден брачен пар со кого воделе библиски курс.

„Кога стигнавме, изгледаше дека нема никој дома, а и колата не беше таму“, раскажува Кенет. „Сепак, нешто како да ме тераше да ѝ се јавиме на жената.“

По телефон, жената им кажала на Кенет и на Филомена дека маж ѝ е на работа. Меѓутоа, штом сфатила дека се пред нејзината врата, им отворила и ги поканила внатре.

Било очигледно дека плачела. Пред да почнат со библискиот курс, Кенет му се помолил на Бог, и тогаш жената повторно почнала да плаче. Тој и Филомена ја прашале што се случило.

Таа им кажала дека токму во моментот кога ѝ се јавил Кенет, му пишувала проштално писмо на својот сопруг бидејќи планирала да си го одземе животот. Откако им објаснила дека се бори со депресија, тие ѝ прочитале некои утешни мисли од Библијата. Тоа ѝ го спасило животот.

Кенет вели: „Благодарни сме му на Јехова што преку нас ѝ помогна на оваа растревожена жена, а особено што нѐ водеше — можеби преку ангел или преку неговиот свет дух — да ѝ се јавиме во тој момент!“ *

Дали Кенет и Филомена можат со право да речат дека Бог се вмешал во таа ситуација, било преку ангел било преку неговиот свет дух, односно неговата сила? Или, пак, тоа што Кенет се јавил во вистинскиот момент било чиста случајност?

Не можеме да тврдиме со сигурност. Сепак, факт е дека Бог ги користи своите ангели за да им помага на луѓето во духовен поглед. На пример, Библијата вели дека Бог употребил еден ангел за да го упати проповедникот Филип кај еден етиопски службеник кој имал потреба од духовна помош (Дела 8:26-31).

Луѓе од разни религии веруваат дека постојат натприродни духовни сили, и дека некои од нив се добри духовни суштества кои ја извршуваат Божјата волја или имаат улога на ангели чувари. Многу луѓе веруваат дека ангелите не само што постојат туку и дека навистина можат да влијаат врз луѓето. Сепак, некои воопшто не веруваат во ангели.

Постојат ли ангели? Ако да, како настанале? Какви се ангелите? Можат ли да влијаат врз нас? Да видиме што велат доказите.

^ пас. 8 Јехова е името на Бог, кое го дознаваме од Библијата (Осија 12:5).