Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  Бр. 5, 2017

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ ПОСТОЈАТ АНГЕЛИ?

Имаме ли свој ангел чувар?

Имаме ли свој ангел чувар?

Библијата не го застапува гледиштето дека секој човек има свој ангел чувар. Во една прилика Исус рекол: „Гледајте да не презрете еден од овие мали [т.е. учениците на Христос], зашто ви велам дека нивните ангели на небото секогаш го гледаат лицето на мојот Татко кој е на небото“ (Матеј 18:10). Со овие зборови Исус не сакал да каже дека секој човек има ангел чувар, туку дека ангелите се вистински заинтересирани за секој негов ученик. Затоа, оние што искрено му служат на Бог не преземаат непотребни и неразумни ризици со надеж дека Божјите ангели ќе ги заштитат.

Дали тоа значи дека ангелите не им помагаат на луѓето? Не (Псалм 91:11). Некои луѓе се цврсто уверени дека Бог им помогнал или ги заштитил со помош на ангелите. Еден пример за тоа е Кенет, кого го спомнавме во првата статија. Иако не можеме да тврдиме со сигурност дека во таа ситуација го воделе ангели, можеби навистина било така. Јеховините сведоци често забележуваат дека ангелите им помагаат додека проповедаат за Божјето Царство. Сепак, со оглед на тоа што ангелите се невидливи, не можеме да кажеме точно до која мера Бог ги користи за да им помага на луѓето. Како и да е, никогаш не е погрешно да му благодариме на Семоќниот Бог за која и да е помош што можеби доаѓа од него (Колошаните 3:15; Јаков 1:17, 18).

 

Нешто повеќе

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Духовни суштества — како влијаат врз нас

Библијата зборува за ангели и демони. Дали овие духовни суштества навистина постојат? Можат ли да влијаат врз твојот живот?

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Дали Бог ќе ги чуе моите молитви за помош?

Дали Бог навистина е заинтересиран за нашите проблеми?