Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  Бр. 5, 2016

Што вели Библијата?

Што вели Библијата?

Што е Божјето Царство?

НЕКОИ ЛУЃЕ ВЕРУВААТ дека Божјето Царство е во срцето на луѓето, додека други мислат дека тоа е резултат на човечките напори за светски мир и единство. Што мислиш ти?

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

„Небесниот Бог ќе подигне царство, кое нема никогаш да пропадне... Тоа ќе ги сотре и ќе ги уништи сите [човечки] царства“ (Даниел 2:44). Божјето Царство е вистинска влада.

ШТО ДРУГО УЧИМЕ ОД БИБЛИЈАТА

  • Божјето Царство владее од небото (Матеј 10:7; Лука 10:9).

  • Преку ова Царство, Бог ќе направи неговата волја да се врши како на небото така и на Земјата (Матеј 6:10).

Кога ќе дојде Божјето Царство?

ШТО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • Никој не знае

  • Наскоро

  • Никогаш

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

„Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14). Штом добрата вест ќе биде проповедана до онаа мера до којашто е потребно, Царството ќе дојде за да му стави крај на злобното општество во кое живееме.

ШТО ДРУГО УЧИМЕ ОД БИБЛИЈАТА

  • Ниту еден човек не знае кога точно ќе дојде Божјето Царство (Матеј 24:36).

  • Библиските пророштва покажуваат дека Божјето Царство ќе дојде наскоро (Матеј 24:3, 7, 12).