Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  Бр. 5, 2016

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | КАДЕ ДА НАЈДЕШ УТЕХА?

Како Бог дава утеха

Како Бог дава утеха

Апостол Павле го опишал Јехова * како „Богот на секоја утеха, кој нѐ теши во секоја наша неволја“ (2. Коринќаните 1:3, 4). На тој начин, Библијата нѐ уверува дека Бог може секому да помогне и дека нема трагедија за кој тој не може да пронајде утеха.

Но, за да добиеме утеха од Бог, мора нешто да направиме. На пример, еден лекар нема да може да ни помогне ако не закажеме преглед кај него. Слично на тоа, пророкот Амос прашал: „Одат ли двајца заедно ако најнапред не се договориле да се најдат?“ (Амос 3:3). Затоа, Библијата нѐ поттикнува: „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“ (Јаков 4:8).

Што нѐ уверува дека Бог навистина ќе стане поблизок со нас? Како прво, самиот тој многупати кажал дека сака да ни помогне. (Види ја  рамката.) И второ, голем број луѓе ја почувствувале утехата од Бог. Некои од нив живееле во минатото, а некои живеат денес.

Исто како многумина денес кои бараат помош од Бог, цар Давид од старо време добро знаел колку болат животните трагедии. Во една прилика, тој го молел Јехова: „Чуј го гласот на моите сесрдни молитви, кога викам кон тебе за помош“. Дали Бог му помогнал? Да, бидејќи Давид додал: „Добив помош, па моето срце извикува“ (Псалм 28:2, 7).

КАКО ИСУС ГИ ТЕШИ ОНИЕ ШТО ТАГУВААТ

Најголема утеха Бог ни пружил преку Исус. Меѓу другите задачи што ги добил од Бог, Исус требало да им ги превие раните на оние со скршено срце и да ги утеши оние што тагуваат (Исаија 61:1, 2). Токму како што било проречено за него, Исус покажал голема грижа кон луѓето што биле „изморени и оптоварени“ (Матеј 11:28-30).

Исус ги тешел луѓето така што им давал корисни совети и постапувал љубезно со нив, а во некои случаи и така што ги лекувал. Во една прилика, еден човек болен од лепра го молел Исус: „Ако сакаш, можеш да ме исчистиш“. Исус се сожалил и му одговорил: „Сакам, исчисти се“ (Марко 1:40, 41). Лепрозниот веднаш оздравел.

 Иако Божјиот Син денес не живее на Земјата за да може лично да нѐ утеши, неговиот Татко, Јехова, кој е наречен „Богот на секоја утеха“, и понатаму им помага на луѓето (2. Коринќаните 1:3). Како? Главно на следниве четири начини.

  • Преку Библијата. „Сѐ што беше некогаш напишано, напишано е за наша поука, за преку својата истрајност и преку утехата од Писмата да имаме надеж“ (Римјаните 15:4).

  • Преку Божјиот свет дух. Кратко по смртта на Исус, за целото христијанско собрание настапил период на мир. Од каде дошол тој мир? Библијата објаснува: „[Собранието] одеше во стравот од Јехова и во утехата на светиот дух“ (Дела 9:31). Светиот дух, односно силата со која се служи Бог, има голема моќ. Бог може да ја употреби таа сила за да го утеши секого, без разлика во колку тешка ситуација се наоѓа.

  • Преку молитвата. Библијата нѐ советува: „Не бидете загрижени за ништо, туку... изнесете му ги своите барања на Бог. И мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе ги чува вашите срца и вашиот ум“ (Филипјаните 4:6, 7).

  • Преку соверниците. Соверниците можат да бидат пријатели во вистинска смисла на зборот, кои знаат како да нѐ утешат и да ни помогнат кога ни е тешко. За своите соверници, апостол Павле рекол дека му помагале и го зајакнувале во време на „немаштија и неволја“ (Колошаните 4:11; 1. Солуњаните 3:7).

Но, можеби се прашуваш дали такво нешто реално се случува. Да видиме што доживеале некои луѓе кои се соочиле со проблемите што ги спомнавме во претходната статија. Исто како нив, и ти можеш лично да се увериш дека Бог не го заборавил своето ветување: „Како човек што го теши мајка му, така јас ќе ве тешам вас“ (Исаија 66:13).

^ пас. 3 Јехова е името на Бог, како што дознаваме од Библијата.