Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  Бр. 4, 2017

Припадниците на речиси сите поголеми религии веруваат дека душата е бесмртна

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ СО ОВОЈ ЖИВОТ ЗАВРШУВА СЀ?

Има ли одговор?

Има ли одговор?

НИЗ СВЕТОТ постојат најразлични верувања во врска со животот и смртта. Некои сметаат дека ќе продолжат да живеат и откако ќе умрат, можеби во друг облик или на некое друго место. Други веруваат дека по смртта повторно ќе се родат, но во нов облик. А трети сметаат дека со смртта завршува сѐ.

Можеби веќе имаш свое мислење во врска со ова, во зависност од тоа каде си пораснал и како си бил воспитан. Со оглед на тоа што постојат најразлични гледишта на оваа тема, има ли начин да дознаеме што точно се случува откако човек ќе умре?

Многу верски водачи со векови поучувале дека човекот има бесмртна душа. Припадниците на речиси сите поголеми религии — христијани, хиндуси, Евреи, муслимани и други — веруваат дека душата е бесмртна, односно дека, по смртта на телото, душата продолжува да живее во духовниот свет. Од друга страна, будистите веруваат дека преку голем број повторни раѓања, менталната енергија во човекот може да достигне блажена состојба наречена нирвана.

Поради таквите учења, повеќето луѓе низ целиот свет веруваат дека смртта е само премин кон живот во некој друг свет. Така, многумина гледаат на смртта како на важен дел од животниот циклус и мислат дека тоа што луѓето умираат е Божја волја. Но, што вели Библијата за тоа? Следната статија го дава одговорот.