Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  Бр. 4, 2016

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | БИБЛИЈАТА — КАКО БИЛА ЗАЧУВАНА?

Вистинита приказна што вреди да се чуе

Вистинита приказна што вреди да се чуе

Меѓу сите книги со религиозна содржина, Библијата посебно се издвојува. Ниедна друга книга не извршила толкаво влијание врз верувањата на толку многу луѓе и во текот на толкав временски период. Од друга страна, ниедна друга книга не била изложена на толку многу испитувања и критики.

На пример, некои изучувачи сметаат дека Библијата што ја имаме денес не е веродостоен препис на изворниот текст. „Не можеме со сигурност да кажеме дека денешниот текст во Библијата е ист со текстот во изворните списи“, вели еден професор по религија. „Имаме само копии полни со грешки, а поголемиот дел од нив биле направени со векови по изворните примероци, и очигледно е дека се разликуваат од нив во илјадници аспекти.“

Други, ја оспоруваат точноста на Библијата поради религијата на која ѝ припаѓаат. На пример, Фајзел, кој израснал во семејство што не е христијанско, бил поучуван дека Библијата е света книга но дека била изменета. „Затоа, кога некој ќе ми зборуваше за Библијата, го слушав со резерва“, вели тој. „Се прашував: Како да му верувам кога првобитната Библија веќе не постои? Сегашниот текст е изменет!“

Важно ли е да се знае дали Библијата била изменета? Размисли за следниве прашања: Дали ќе можеш да веруваш во убавите ветувања за иднината што се запишани во Библијата ако не си сигурен дека тие стоеле и во изворниот текст? (Римјаните 15:4). Дали одлуките во врска со работата, семејството или религијата би ги темелел на библиските начела ако Библиите што ги имаме денес се само копии со многу грешки?

Точно е дека првобитните примероци од Библијата веќе не постојат, но зачувани се многу стари преписи, меѓу кои и илјадници библиски ракописи. * Како овие ракописи го преживеале забот на времето, ги издржале нападите од противниците и ја задржале својата порака непроменета? Како тоа што опстанале докажува дека можеш да ѝ веруваш на Библијата денес? Прочитај ги одговорите на овие прашања во следните статии.

^ пас. 7 Библиските ракописи се рачно напишани преписи на некои делови од светите списи во минатото.