Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  Бр. 3, 2016

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | УТЕХА ЗА ОНИЕ ШТО ТАГУВААТ

Мртвите повторно ќе живеат!

Мртвите повторно ќе живеат!

Како што видовме во една од претходните статии, Гејл мисли дека никогаш нема да успее да се помири со смртта на својот сопруг, Роб. Но, сигурна е дека еден ден повторно ќе го види во новиот свет што го ветил Бог. Таа вели: „Мојот омилен стих е Откровение 21:3, 4“. Таму пишува: „Бог ќе биде со нив. И тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“.

Гејл вели: „Ова ветување е вистинска утеха. Многу ми е жал за оние што изгубиле некој близок но не знаат дека еден ден повторно ќе можат да го видат“. Бидејќи сака и други да пронајдат утеха, Гејл учествува во едно доброволно дело преку кое луѓето можат да дознаат дека во иднина „смрт нема да има веќе“, како што ветил Бог.

Јов бил уверен дека повторно ќе живее

Можеби ќе речеш дека такво нешто е невозможно. Но, размисли што се случило со еден човек по име Јов. Тој бил толку болен што посакувал да умре (Јов 2:7). Сепак, бил уверен дека, дури и да умре, Бог има моќ да го врати во живот. Затоа со доверба му рекол на Бог: „О, да ме скриеше во гробот... Ќе повикаш, и јас ќе ти се одѕвијам. Ќе копнееш по делото на своите раце“ (Јов 14:13, 15). Јов бил сигурен дека ќе му недостасува на својот Бог и дека тој ќе копнее да го врати во живот.

Наскоро, целата Земја ќе биде рај и Бог ќе го исполни своето ветување. Тој ќе му го врати животот на Јов, како и на безброј други луѓе (Лука 23:42, 43). Во Библијата пишува дека Бог „ќе ги воскресне“ оние што умреле (Дела 24:15). А во една прилика Исус рекол: „Не чудете се на ова, зашто доаѓа часот во кој сите оние што се во гробовите ќе го чујат неговиот глас и ќе излезат“ (Јован 5:28, 29). Јов ќе го доживее исполнувањето на овие зборови. Повторно ќе ја добие „својата младешка сила“ и неговото тело ќе биде „посвежо отколку во младоста“, и тоа засекогаш (Јов 33:24, 25). Истото можат да го доживеат сите што покажуваат ценење кон Бог, кој во иднина милостиво ќе воскресне многумина.

Ако си изгубил некого што многу си го сакал, ова што го разгледавме досега можеби нема во потполност да ти ја оттргне тагата што ја чувствуваш. Но, ако размислуваш за Божјите ветувања запишани во Библијата ќе имаш вистинска надеж, како и сила да продолжиш понатаму (1. Солуњаните 4:13).

Што уште може да ти помогне да ја поднесеш тагата? Дали сакаш да го дознаеш одговорот и на други прашања како, на пример, „Зошто Бог ги допушта злото и страдањата?“ Посети ја нашата интернет-страница, jw.org/mk, и дознај колку утешни одговори дава Библијата.