Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  Бр. 3, 2016

Божјето име (во осветлените делови) во еден древен библиски ракопис

Што вели Библијата?

Што вели Библијата?

Дали Бог има име?

НЕКОИ ЛУЃЕ ВЕРУВААТ дека Бог нема име, други велат дека името му е Бог или Господ, а трети сметаат дека има многу имиња. Што мислиш ти?

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

„Ти, чие име е Јехова, си Севишен над целата земја“ (Псалм 83:18).

ШТО ДРУГО УЧИМЕ ОД БИБЛИЈАТА

  • Бог има многу титули, но избрал да има само едно име (2. Мојсеева 3:15).

  • Бог не е мистерија; тој сака да го запознаеме (Дела 17:27).

  • За да бидеме блиски со Бог, мора да го знаеме неговото име (Јаков 4:8).

Дали е погрешно да го изговараме името на Бог?

ШТО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • Да

  • Не

  • Можеби

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

„Не споменувај го името на Јехова, твојот Бог, на недостоен начин“ (2. Мојсеева 20:7). Не е погрешно да го изговараме името на Бог ако тоа го правиме со почит (Еремија 29:9).

ШТО ДРУГО УЧИМЕ ОД БИБЛИЈАТА

  • Исус го знаел и го користел Божјето име (Јован 17:25, 26).

  • Бог сака да му се обраќаме по име (Псалм 105:1).

  • Божјите непријатели сакаат името на Бог да биде заборавено (Еремија 23:27).

 

 

Нешто повеќе

ДОБРА ВЕСТ ОД БОГ!

Дали Бог има име?

Бог има многу титули, како што се Семоќен, Творец и Господар. Но, Божјето име го има во Библијата над 7.000 пати.

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Која е вистината за Бог?

Што мислиш, дали Бог се грижи за тебе лично? Дознај нешто повеќе за неговите особини и за тоа како можеш да се зближиш со него.